Градоначалникот на Струга, Зијадин Села денес на пладне пристигнал во селото Октиси и ги повикал насобраните луѓе од двете страни да заминат а од утре да почнат дијалог за надминување на проблемот кој предизвика тензии меѓу миуслиманското и христијанското население поради изградба на црквата Свети Димитрија.
Претходно порталот Охрид 1. Јави дека во неделата наутро оџата преку разгласот на минарето од селската џамија, зборувајќи на македонски јазик, го повикал целото муслиманско население на село Октиси да излезе на улица и да ја спречи градбата на црквата и осветувањето на темелите.
Поголема толпа луѓе од претпладнето стои на патот со истакнати арапски знамиња и не дозволува да поминат свешетниците од Македонската православна црква.
Следувало и собирање на македонското население, поради што морала да интервенира полицијата која во моментов е на лице место и со кордон ги раздвојува двете групи граѓани.
Дебарско кичевскиот митрополит, владиката Тимотеј останал во Охрид и не се упатил кон селото Октиси по барање на свештеникот од селото Вевчани кој инсистирал да не се креваат тензии и да не се доведе митрополитот во непријатна ситуација да не може да пристапи во селото и да ги освети темелите.
Од СВР Охрид з велат засега не се предизвикани посериозни инциденти и дека полициските службеници остануваат на терен се додека не се смират страстите меѓу жителите.
фото а1он.мк




