Директорот на јавното претпријатие Mакедонија пат, Гајур Кадриу вчера веднаш по одбележувањето на 45-годишнината од работата на Друштвото за патишта, завршил во болница откако бил натепан во холот на Градежниот факултет во Скопје, јавува Телма Телевизија.
На церменоијата на која присуствуаше и премиерот Никола Груевски како и министерот за транспрот и врски Миле Јанакиевски, директорот Кадриу, на заминување од прославата, според полицијата, бил нападнат од претходниот директор на претпријатието, а сега актуелен професор на Државниот факултет во Тетово, Вулнет Палоши, кој на церемонијата седеше во првиот ред и доби признане за придонес како градежен експерт.
– Според пријавата, поранешниот диркетор го нападнал заедно со неговиот син, го удирале со клоци и тупаници по телото по што актуелниот дирктор е пренесен во Градската болница каде му се констатирани лесни телесни повреди, изјави Иво Котевски, МВР.
Од полицијата велат дека се уште не ги утврдиле мотивите за нападот, но најавија дека ќе поднесат соодветни пријави и за поранешниот директор и за неговиот син. Професорот Палоши пак тврди дека токму тој бил жртва на напад и тоа го посочил во полицијата.
– Инциденот се лучи, но работата е обратна, јас бев нападнат. Тоа траеше 15 – 20 секунди, тој ме удираше и паднавме на земја, потоа не раздвоија. Зошто полицијата вака инфомира, не знам, ама од видео надзорот може да видат дека тој мене ме удира, изјави Палоши за Телма.




