Полициски службеници на СВР Тетово вчера (15 февруари) околу 15 часот и 40 минути во тетовско Селце-Кеч ги лишиле од слобода: Б.А.(48), Х.А.(18), У.А.(21), Б.А.(67) и Б.А.(40), сите од ова село, поради сомнение дека учествувале во физичка пресметка со неколку други лица од истото село, која се случила околу 12 часот во близина на селските гробишта, а поради претходни недоразбирања. Според пријавеното, во меѓусебната пресметка биле употребени тврди предмети.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува поднесок.