Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тереза Меј, новата “железна дама” со оригинални чевли

0
By Светлана Јовановска on July 12, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За време на референдумот Тереза Меј, новата британска премиерка, му беше верна на Дејвид Камерон и се залагаше за останување на Велика Британија во ЕУ. И потајно се надеваше дека резултатите ќе бидат спротивни. Нејзината евроскептичност е добро позната на британскиот остров.

За време на кампањата таа вешто играше и им стана симпатична и на “брегзитовците” и на “останувачите”. Се залагаше за ограничување на имиграцијата, омилена тема на поддржувачите за излез од ЕУ.

Ќерка на англикански пастор родена во 1956 година, Тереза Меј е “ужасно тешка жена”, вели во еден тајно снимен разговор Кенет Кларк, екс министер на Ториевците. И додава дека “следниот кој ќе се соочи со нејзиниот тежок карактер е Жан-Клод Јункер”, претседателот на Европската комисија кога ќе треба со неа да го преговара излезот на Велика Британија од ЕУ.

Уште пред да стане премиер, Мај им ги одзеде сите надежи на Британците кои сакаат да останат во ЕУ и најави дека “брегзит значи брегзит и ние од тоа ќе направиме успех”. И додаде дека нема да има обиди да се остане во ЕУ преку некоја друга врата и дека нема да има втор референдум.

theresa-may-remet-question-convention-droits-homme_docjeanno_JeanNoel_W_LeGuillou_27042016Како министер за внатрешни работи Тереза Меј беше чест гостин во Брисел и добро ги познава европските лавиринти. Тоа значи дека таа нема да попушти пред се почестите европски барања до Лондон што побрзо да го активира членот 50 од Европскaта повелба за да можат да почнат преговорите за излез. И дека ќе стори се за да ја стекне довербата на 27те европски лидери.

Неизвесниот дел од оваа мисија се изборите во 2017 година, претседателски во мај во Франција и парламентарни во Германија во септември. Во текот на изборната кампања овие двајца моќни лидери, Меркел и Оланд, ќе покажат непопустливост.

Средбата помеѓу Меј и Ангела Меркел може да биде интересна. Тие две дами имаат неколку заеднички точки а ќе треба да решаваат проблем околу кој не се на иста бранова должина. На иста возраст се, двете се ќерки на протестантски пастори и пораснале далеку од голем град, двете имаат импресивни дипломи, двете се без деца и двете сакаат пешачење и готвење.

Првата средба на Меј со лидерите е закажана за октомври кога од неа ќе се бара да каже како ги замислува идните британски односи со ЕУ.

P029128000302-561605

Меј студирала географија на Оксфорд а потоа кусо работела во Банката на Англија пред да ја почне политичката кариера во 1986 година кога била избрана за советник во луксузниот лондонски кварт Мертон.

Во 1997 година е избрана за пратеник и станува првата жена генерален секретар на конзервативната партија. Од 2005 година станува верен следбеник на Дејвид Камерон и му помага да стане премиер. Како награда за залагањето, Камерон ја назначува за министер за внатрешни работи во 2010 година.

Тереза Меј е голем работник, за неа велат дека е премногу сериозна и строга. Иако физички по малку потсетува на славната Маргарет Тачер, Меј никогаш не криела дека радикализмот на Тачерка не и е омилен. Сепак, Меј секогаш се залагала за влегување на повеќе жени во врвот на партијата.

“Меј се наметна како новата “железна дама”, сосема спротивна на “мекоста” на центристите кои ги претставуваше премиерот Камерон”, вели за францускиот Фигаро во 2013 година Родни Баркер, професор во Лондонската школа за економија.

theresa-may

“Меј е позиционирана во најдесниот дел на конзервативната партија и секогаш покажувала тврд став кон деликвентите и имиграцијата. Во екот на мигрантската криза во 2015 година таа изјави дека масивната имиграција е закана за Велика Британија”, напиша Гардијан.

Според нејзините блиски соработници, на Меј и недостасува човечка топлина и леснотија во комуницирањето. Луѓето кои работат во неа тврдат дека таа се обидува да ги поправи овие маани па така на медиумите им дава фотографии на кои таа и нејзиниот сопруг се во нежна прегратка или слики од нејзината свадба во црква во 1980 година.

2

3

Очигледно, новата премиерка не сакала да има деца иако има добар брак. За неа се чини била поважна политичката амбиција: “Флексибилноста во работењето не е за жени со деца”, изјавува Меј. Други извори тврдат дека сакала но не можела да има деца.

Нејзините пријатели велат дека сака долги пешачења, дека добро готви а во интимно друштво е духовита и шармантна. Што не би се рекло според нејзината класична и строга гардероба. Но, да не судиме според изгледот: фрлете поглед на нејзините оригинални чевли. Кои и се слабост. И во тотална спротивност со нејзиниот строг изглед и тежок карактер.

Инаку Меј е горда што за неа велат дека “тешка жена”. Според неа, во политиката треба да има што повеќе “тешки жени”.

брегзит Тереза Меј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.