Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тероризмот нема вера: 15 март да биде светски ден на солидарност против исламофобија

0
By Нова ТВ on March 23, 2019 СВЕТ
Фото: oic-oci.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефови на дипломатии на земјите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС) упатија барање до Обединетите нации (ОН) и другите меѓународни и регионални организации за прогласување на 15 март како меѓународен ден на солидарноста против исламофобијата.

Нивниот состанок во Истанбул дојде како последица на неодамнешниот терористички напад во Нов Зеланд. Притоа е објавена заедничка изјава во која е истакнато дека тероризмот нема вера и нагласен е ставот дека ваквите терористички акти, без оглед каде, кога или кој е извршител, на ниту еден начин не може да имаат оправдување.

Извршниот комитет на ОИС ги осуди „ужасните и подли исламофобични терористички напади врз невините луѓе кои се молеа во џамиите Нур и Линвуд во градот Крајстчрч во Нов Зеланд, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Воедно е поздравен ставот на Владата на Нов Зеланд на чело со премиерката Џасинда Ардерн која најостро го осуди терористичкиот напад, истакна поддршка на муслиманската заедница во земја и се солидаризира со семејствата на жртвите.

Подвлечено е дека солидарноста што ја покажала комплетната новозеландска јавност е за секоја пофалба.

„Овие одвратни терористички напади на џамии и општествени центри и убивање на муслиманите, уште еднаш укажаа на бруталните, нехумани и страшни последици на исламофобијата. На сите нивоа и платформи потребно е сите меѓународни актери да бараат сеопфатни и системски мерки“, се нагласува по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ОИС.

Упатен е апел до сите земји со муслимански заедници, малцинства и мигранти за воздржување  од сите политики, изјави и практики што го поврзуваат исламот со тероризмот, екстремизмот и заканите по општеството. Сите држави се повикуваат да не ги ограничуваат темелните човекови права и слободи на муслиманите, вклучувајќи и почитување на верските слободи, стои меѓудругото во заедничката изјава на шефовите на дипломатии на ОИС.

Упатено е барање до сите влади во своите земји да забранат секаков вид дискурс, обид или делување со кои се премолчува, поттикнува, охрабрува или предизвикува непријателство кон муслиманите, односно понижување на исламот и муслиманите.

Извршниот одбор на ОИС го повика Високиот комесаријат на ОН за човекови права и Комесаријатот за човекови права на Советот на Европа на воспоставување опсерваторија за следење и пријавување дела од верска омраза, непријателство и насилство.

Исламофобија Истанбул ОИС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.