Published: Thursday, November 7, 2013 10:34
Златни предмети чија количина и вредност дополнително ќе се утврдува, се украдени од депото на Музеј на Македонија во Скопје, потврдуваат за НОВА од СВР Скопје.
Во полициската станица на Бит пазар вчера е пријавено дека во се уште неутврдено време од депото на Музејот на Македонија е извршена тешка кражба.
Полицијата излезе на лице место се врши увид и се преземаат мерки за расчлистување на ова кривично дело, објаснуваат од СВР Скопје.




