Во автобусот се наоѓале повеќе од 50 патници, јави агенцијата МТИ.
Тешка сообраќајна несреќа на автобус во Унгарија, во близина на Будимпешта, во која загинаа осум лица, а десетици се повредени, соопшти унгарската полиција.
Во автобусот се наоѓале повеќе од 50 патници, јави агенцијата МТИ.
Автобусот се движел во правец кон Будимпешта, кога од засега непознати причини, излетал од патот и се превртел, на 70 километри западно од главниот град на Унгарија.
Две лица се тешко повредени, а 46 се здобиле со полесни повреди.