На 10.07.2021 година во 14.30 часот во СВР Охрид пријавена е сообраќајна незгода случена на магистралниот пат Охрид – Подмоље – Кичево во близина на Св. Еразмо.
Локалните медиуми пренесуваат дека во незгодата животот го загубило едно лице, а тројца се повредени. Двајца од нив се пренесени во Специјализираната болница Св. Еразмо во Охрид.
Во незгодата учествувале четири моторни возила, од кои три патнички и едно товарно.
Причините за настанувањето на незгодата ќе ги утврди увидот што е во тек.
Сообраќајот на тој патен правец се одвива по алтернативна насока, преку стариот пат од Охрид кон Струга