Published: Friday, October 11, 2013 11:04
Пет лица загинале во близина на стара „Рампа“ во Скопје во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово околу три часот.
Според МВР, возилото „БМВ“ со кое се превезувале пет лица, со иницијали, А.С., Б.С., Г.Ѓ., Ж.К. и Ф.Б., сите на воздраст од 27 и 28 години изгубило контрола и излетало од патот.
Возилото удрило во подрумските простории на објектот на Пазарната инспекција при што од ударот сите лица починале.
Полицијата врши увид на местото на несреќата, а сообраќајот во тој дел од градот се одвива отежнато.




