Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тешките лекции на Пендаровски

0
By Биљана Секуловска on April 3, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Многу одамна требаше сериозно да се замислиме, но после вчерашната бројка од 50 починати луѓе од последици од Ковид-19, едно секако е сигурно. Луѓето мора да разберат дека вакцините се единствениот спас, еднакво како што се и маските, додека навистина сите не бидат вакцинирани и конечно, не се прогласи крај, на оваа мрачна, ужасна ера.

Затоа што, стравот од вакцините може да подразбира само страв од тоа да се живее понатаму, со сурови зборови- да се преживее, и веројатно затоа, по угледот на Бајден, кој изјавува дека има намера да ја вакцинира цела Америка, конечно тоа треба да го стори и Заев. Да соопшти дека така изгледа политика на национален спас- да се сфати дека ниту еден лидер, ниту закони, ниту еден попис, дијаспора, државјанство, ниту едни избори, ниту една националност, вера, религија, политичка ориентација, ништо од ова не преживува, во услови кога не се разбираат приоритетите во една земја.

Затоа што сега приоритет мора да бидат само животите на луѓето, само тоа и ништо повеќе, да се спасуваат голите животи, за навистина да има се ова смисол понатаму. За во иднина да има услови да се спроведе попис, таков, несовршен, со многу слабости и нелогичности, но конечно да почне некакво нормализирање, после поминатата тешка година на ненормалност во секоја смисла на зборот. Политички драми, обвинувања, нестабилност, неизвесност дали воопшто ќе дојде нов ден, опишани со вистинските зборови на претседателот Пендаровски- срам за државата.

Она што е важно да се потцрта,  е фактот- што во неговиот говор и тој не се иззема од тој срам, од она што, како тој вели- “го направивме (како политичари) досега”, што е резултат на незадоволство кај граѓаните, и токму затоа спасот го барале во вакцинирање во соседна Србија.

Ваквиот став на Пендаровски е веројатно преседан во политичката историја на оваа земја- да се преземе лична одговорност како политичар и да се соопшти тоа на јавноста, и покрај тоа што секако, иако е свесен за сопствените  последици,  го става на прво место доброто на граѓаните. Пендаровски ја соопшти најдобрата, воедно и прва лекција, која е дефиниција на  политичарите- треба да се биде понизен кон граѓаните, да се служи исклучиво на нивните интереси, ништо помалку од тоа.

Онака како што Бајден ја води политиката на масовна имунизација во неговата земја, слично како што американската амбасадорка Брнс и заменик помошникот државен секретар Палмер им упатија порака на лидерите во оваа земја, кога побараа од нив да бидат конструктивни, затоа што само така може да функционира државата. Тоа беше порака на препорака за демократија- дека мора да се има на ум дека приоритет секогаш се граѓаните- затоа што, само така изгледа еден чесен политички живот- кога претставува чест да се биде во нивна служба.

Токму затоа, за да дојде до таа точка на пресврт, за да се случи тој попис околу кој се кршат копја со месеци, треба да биде спроведен врз основа на новите политики на Заев, оние на масовно вакцинирање, на борба за едукација на луѓето дека така може само да се дојде до ставање крај на пандемијата, на одбројување на деновите до смртта. За да не стане попис на оние што преживеале, додека ги гледале своите најблиски како ги молат останатите околу себе да стават маска, како молат за една вакцина, и на крај- како молат за воздух.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.