Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тешко е да гласаш покрај толку партиски активисти

0
By Сашка Цветковска on March 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 24, 2013 20:44


Јан Ван Заанен доаѓа од Холандија и е дел од меѓународните набљудувачи во земјава дојдени специјално за изборите. Заанен е градоначалник на најбогатата холандска општина во рамките на Амстердам, Амстелвеен. Во Македонија е прв пат, а ги набљудуваше изборите во Кичево, Струга, Охрид и Преспа. Нова со него разговораше во Кичево.

Кои се вашите први импресии од она што можевте да го видите во Охрид, Струга и Кичево додека ги набљудувавте изборите?

Висока е излезноста, мирно е. Она што мене лично не ми се допадна додека набљудував беше тоа што имаше толку многу набљудувачи од политичките партии. Тоа е чудно за мене. Секако, имаше независни набљудувачи, како на пример од “Мост”, но и политички партии. Тоа за мене е чудно. И тие ги запишуваа гласачите кои доаѓаа, претпоставувам. И уште една забележителна работа која не можев да не ја забележам беше тоа што околу гласачките места имаше толку многу луѓе кои се врткаа наоколу. Изгледаше како да проверуваа, како да промовираа. Не видов никакви знаци, се разбира и немам докази, но тоа не беше удобно. Ако јас треба да одам на гласачко место и ако треба да поминувам покрај политичари и луѓе кои работат со политичарите, тоа нема да направи да се чувствувам добро.

Да, да. Имаше една работа која беше особено забележителна, беше некаде рано пладне. И ние работиме како тимови. Еден од нас е на самото гласачко место, додека другиот оди наоколу и гледа што се случува надвор. Јас во тоа време бев надвор и еден човек ми пријде и ме праша дали сум меѓународен набљудувач и ме повика да дојдам тврдејќи дека доаѓаат автобуси. Јас отидов до местото каде што автобуси доаѓаа и си заминуваа. Самиот видов три такви автобуси. И не можам да докажам дали се во право, но автобуси полни со луѓе доаѓаа.

Кои се вашите генерални впечатоци за Македонија од она што успеавте да го видите? Кои се разликите со општината од која вие доаѓате, Амстелвеен?

Пречекан сум пријателски, храната е добра, луѓето се љубезни и видов седум училишта денес. Или шест. Дали ве потестуваат на училиштата во Холандија? Не, не, на некои дамнешни времиња. Две од нив беа добри, имаа и компјутери, едно имаше и безжичен интернет, што е одлично за нас, но четири беа, еве да речам многу скромни, што значи многу нешта треба да се направат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026
ФОКУС
March 13, 2026Updated:March 13, 2026

Скопје: Протест на работниците за подоинствен живот – стартува во 12.05, сабота, 14-ти март од пред Домот на синдикатите

ВЕСТИ March 13, 2026

Овој протест не е само собир. Тој е огледало во кое секој работник може да…

Слободан Трендафилов: Добро утро на сите, освен на тие што се против зголемување на платите!

March 13, 2026

Рочиште „Пулс“: Објектот воопшто не ги исполнувала безбедносните противпожарни норми

March 12, 2026

Иран ја префрла војната на море – напаѓа во Заливот

March 12, 2026
ТИКЕР

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.