Published: Sunday, February 16, 2014 18:45
Две девојчиња на возраст од 13 и 14 години денеска се повредени во Тетово, на улицата „29- ти ноември”, најверојатно од експлозија на бомба и се хоспитализирани на Клиниките во Скопје.
Според неофицијалните информации, биле повредени четири малолетници, а несреќата се случила околу 16, 45 часот.
Полицијата нема официјални информации за случајот.




