Жителите на тетовската населба „Дарданија“ најавуваат протест за в среда (20 јули) со почеток во 12 часот пред општинската зграда.
Причина е загриженоста и незадоволството поради неподносливата миризба и загаденоста во градот за која во огромна мера придонесува дивата депонија на влезот од градот.
-Ги повикуваме сите наши сограѓани, невладините здруженија и организации кои делуваат во Тетово да ни се придружат за да го искажеме нашата загриженост и незадоволство за тоа што се случува со дивата депонија во влезот на градот Тетово, стои во повикот.