Пишува новинарот Тим Џудах, текстот беше објавен во Економист
Дали е мртов Љавдрим Мухаџери? Кон крајот на месец јули, лидерот на албанските џихадисти објавуваше слики на Фејсбук, како на помлад човек, за кој велеше дека е шпион, му ја сече главата.
Неколку дена подоцна, балканските медиуми цитираат курдска телевизија, која соопшти дека еден 24-годишен косовец загинал. Негов пријател на социјалните медиуми го негираше тоа. Додека западниот свет и разузнавачките служби се занимаваат со убиството на американскиот новинар Џејмс Фоли, според еден Британец, Балканот има друга верзија за овој проблем.
Илјадници муслимани Албанци од Косово, Македонија и Албанија заминуваат на џихад, заедно со босански муслимани. На видео од Исламската држава се гледа како Мухаџири го кине неговиот пасош, заедно со неколку други Албанци од Албанија, Македонија и Косово.
Мухаџери со меч во рака, ветува дека ќе ги освои Рим и Шпанија а потоа сите Албанци ќе ги искинат нивните пасоши. Но феноменот не ги опфаќа само муслиманите.
Минатата недела, на политичката агендата се наметна и прашањето за заминувањето на
православните Срби во Украина. Според премиерот на Србија, тие се платеници и тоа што го прават е на штетат на Србија. Никој не знае колку Срби војуваат во Украина.
Медиумите известуваат за бројка од 30 до 100. Вучиќ вели дека тие се борат за двете страни, но повеќе на страната на про-руските бунтовнички сили.
На 18 август, Александар Закхарченко, премиерот на самопрогласената Република Доњецк, изјави дека 14 Срби се дојдени да војуваат. Косовскиот фронт, руска интернет страна, им дава информации на Србите како да им помагаат на бунтовниците и како да станат дел од единицата на Јован Севиќ, српски борец од 18 век, што војувал на територијата на Источна Украина, каде што во минатото имало места населени со Срби.
Лице одговорно за Косовскиот фронт во Србија, Жељко Ѓуровиќ, го објавил својот телефонски број и неговиот е-мејл, за сите кои се заинтересирани да помогнат.
Косовскиот фронт е воден од Александар Кравченко, кој вели дека војувал заедно со Србите на војната во Босна.
На интернет страната пишува дека единствениот начин да се ослободи Косово од
муслиманското Албанско население е да се ослободи прво регионот Новарусија (Novorossiya), како што про-руските сепаратисти ја нарекуваат својата територија.
За многу Срби, искушението да се војува во Русија е речиси религиско, елемент на словенско братство, што го одразува искушението за верска војна на муслиманите што заминуваат во Сирија и Ирак.
И двете страни држат слично знаме, црно-бело, само што на едното има зборови од Куранот а на другиот череп и коски и заклетва за православната вера. Многу Срби имаат долги бради, исто како и џихадистите. Како Србија, така и Косово, подготвува закон со кој на граѓаните ќе им биде забрането да војуваат во туѓи конфликти.
Босна го усвои законот во април. На 11 август, косовската полиција приведе 40 лица, поврзани со терористички групи кои војуваат во Ирак и Сирија. Според полицијата, 16 косовари загинале во Сирија и Ирак. Во март, албанските власти уапсија 9 лица осомничени за регрутација за џихад во Сирија.
Мнозинството Албанци се силни поддржувачи на Америка, и оваа недела се дознава дека
Албанија, која што има огромен арсенал на оружје од комунизмот, ќе испрати милиони парчиња муниција во Ирак и 10 илјади пушки Клашников во Афганистан.
Во меѓувреме, косовскиот печат известува дека еден агент на косовската служба за контраразузнавање е егзекутиран во Сирија на почеток на годината, откако е откриен од
албанските џихадисти.