Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

The Platters – Група од куќата на славните

0
By Нова ТВ on June 27, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Михаил Мице Бошковски

Оваа петчлена doo wop група (ду уоп е карактеристика за црнeчките вокални групи базирани на ритам и блузот, особено актуелни во 50-тите и првата половина на 60-тите години на минатиот век), е една од најпопуларните во своето време.

Формирана е во Лос Анџелес во 1953 година. Се додека за неа не се заинтересирал Бак Рам, таа нема позначајни успеси. А Бак Рам (1907 – 1991), е неверојатно музички надарена личност. Музички високо образован со завршен правен факултет. Но, со правото никогаш не се занимавал.

Тој најверојатно би бил врвен виолинист, ако не ја скршел раката играјки фудбал како дете. Потоа свирел на саксофон, но своите вистински музички квалитети ги покажал како композитор, аранжер, текстописец, музички педагог и менаџер.

Иако неговата музичка преокупација била насочена кон класичната музика, тој со голем успех пишувал аранжмани за џез величините како што се: Дјук Елингтон, браќата Дорси, Каунт Бејзи и други.

Кога ги презема „Плетерси“ тој веќе зад себе има скоро 30 годишно музичко искуство. Прво што направил, е промената на некои членови во групата. Сметал дека во групата мора да се најде место за извонредниот пејач Тони Вилијамс и за пејачката Зола Тејлор, а покрај нив групата ја сочинуваат Дејвид Линч, Пол Роби и Херб Рид. Во овој состав групата ги постигнува најголемите успеси од средината на 50-тите, па до крајот на деценијата.

Од тој период потекнуваат „Only You“ (1955) која станува светски хит (во 1974 година ја снимаат Ринго Стар и Џон Ленон), како и песната „The Great Pretender“ издадена истата година ( во 1987 г. ја снима Фреди Меркјури и достигнува 4-то место на британската топ листа, а ја снимиле и Џин Питни, Доли Партон, Сем Кук, Рој Орбисон и др.).

И двете песни стануваат дел од култниот музички филм од тоа време „Rock Around The Clock“ снимен според истоимениот хит на „Бил Хели и неговите комети“.

Покрај овие два хита „Плетерси“ доживуваат ѕвездени мигови и со насловите „My Prayer“ (песна од 1939 година која доживеала безброј изведби), „Smoke Gets In Your Eyes“ (позната композиција на Џером Керн од бродвејскиот мјузикл „Роберта“ од 1933 г., подоцна изведувана како џез стандард од најпознатите пејачи во тоа време), „Twilling Time“, „Harbur Lights“, „The Magic Touch“, „To Each His Own“, „If I Didn’t Care“ и уште многу други познати стандарди и компонирани песни од Бак Рам.

И како што обично бива, во екот на најголемата слава, групата ги има првите проблеми. Во 1959 година се уапсени четворицата машки членови и обвинети за заведување на малолетнички. Не се осудени, но тоа многу се одразува на нивната популарност, на посетеноста на концертите и на продажбата на плочи.

Следната 1960 година ги напушта соло пејачот Тони Вилијамс (1928 – 1992), кој претставуваше препознатлива звучна слика на групата. Тогаш, најверојатно и на Бак Рам му беше јасно дека работите не одат на добро.

Тони Вилијамс, си ги прецени можностите. Тој беше одличен пејач и тоа го докажа како член на групата, но како солист, едноставно за кратко време беше заборавен.

Во 1962 година групата ја напушти и единствениот женски вокал Зола Тејлор (1938 – 2007), но и таа подоцна не направи ништо значајно на полето на музиката. И покрај овие клучни промени, групата продолжува да постои со нови членови, но нема веќе големи хитови.

Само на неколку наврати во 60-тите се појавува на американскиот топ 100. Претстои период кога членовите се тужат на суд за тоа кој го поседува правото на името на групата. Судските процеси траат долго, тие стареат, а славата на групата постепено се губи.

Но, некои од нив продолжуваат да работат и да одржуваат концерти и турнеи користејќи го името и старата слава. Една таква постава своевремено гостуваше и во Скопје, а единственото заедничко со некогашните „Плетерси“ им беше името.

Постои фрапантен податок кој покажува дека во долгогодишното постоење на групата имало преку 120 измени во поставите. Името на „Плетерси“ многу пати е злоупотребено, па дури и се продаваат неоригинални снимки под нивно име.

Оригиналните нивни снимки единствено можат да се најдат како изданија на дискографската куќа „Mercury“.

Групата до скоро беше се уште активна под водство на Херб Рид единствениот од оригиналната постава кој почина во 2012 г. Во 1990, и 1998 г. примени се во „Куќата на славните“ како рок изведувачи и како вокална група.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.