Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТИ: Студентите немаат информации за студии во странство

0
By Нова ТВ on October 1, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 1, 2013 18:27

Студентите во земјава имаат намалени можности за студирање во странство, заради недостатокот на информации за странски стипендии од страна на факултетите, се вели во последниот глобален извештај на Транспаренси Интернешнл за корупцијата во образованието.

Според извештајот, како што објавува МОФ, повеќе истражувачи го користеле законот за слободен пристап до информации за да утврдат дали на студентите им биле дадени еднакви можности да студираат во странство. Истражувачите пратиле барања за информации до најголемиот универзитет во земјата, како и до Студентскиот парламент, Министерството за образование и до парламентот.

„Од информациите кои тие ги добиле утврдиле дека нема студенти кои добиле дополнителни дипломи од странство, дека нема членови на персоналот кои имаат задача да ги информираат студентите за можностите за стипендии за студирање во странство и дека нема состаноци во рамките на факултетите да разговараат за студентската мобилност. Овие наоди, заедно со резултатите од фокус групите и интервјуата, сугерираат дека недостатокот на информации за можностите за мобилност, придонесува да дојде до ситуација кога децата на професорите или членовите на Студентскиот парламент имаат најголема веројатност да студираат во странство“, се вели во извештајот на ТИ.

Транспаренси интернешнл исто така нотира дека младите во Македонија имаат мал ангажман во антикорупциските активности.

„Истражувањата покажуваат дека речиси половина (46 отсто) од средношколците во земјата не се вклучени во дебатите, две третини не присуствуваат на предмети за кои се бара или поттикнува следење дневнополитички настани и постои алармантно висок процент од 81 отсто на студенти кои никогаш не учествувале во изборите за студентските тела“, се вели во извештајот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.