Трансперенси Интернешнал – Македонија денеска упати отворено писмо до претседателот на Собранието на Република Македонија , Трајко Вејановски, во кое го повикуваат согласно неговите овластувања да обезбеди транспарентност во работата на Собранието.
Писмото следи по пробивањето на сите рокови за добивање информација од јавен карактер(11.01.2013) во врска со исполнетоста на формалните услови за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата, од страна на госпоѓата Љубинка Корабовска, избра на член на комисија 06.04.2011 година.
Собранието не ја испочитувало ниту усвоената жалба од страна на Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер(22.07.2013) поднесена од Трансперенси Интернешнал, во која се вели дека Собранието не постапило согласно одредбите од Законот за слободен притап до информации и затоа предметот се враќа на повторно постапување.
Сите рокови за постапување од страна на Собранието на Република Македонија се изминати, но се уште не е доставен одговор ниту до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, ниту до барателот на информацијата од јавен карактер здружението Transparency International – Macedonia.
ТИ го потсетува Велјановски дека транспарентноста на носечките институции на власта помеѓу кои е Собранието на Република Македонија и интегритетот на Државната комисија за спречување на корупцијата се предуслов борбата против корупцијата во Република Македонија да оди во насока и да даде вистински резултати.
НОВА потсетува која е Љубинка Корабоска? Триесет и седумгодишната кичевчанка дипломирала на Факултетот за Туризам и Угостителство во Охрид и стекнува звање менаџер по туризам, а има работно искуство како координатор за маркетинг и продажба на станови.
Корабоска во своето CV објавено на интернет страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата напишала дека делумно може да ги користи англискиот и рускиот јазик, има силни комуникациски и професионални вештини, а навоодно имала и добра способност за работа со други луѓе. Работела во СИЗ за становање е во Охрид на работно место референт.




