НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тилев по европскиот извештај: Време за одмор нема, наша заедничка обрвска е да ги забрзаме реформите

0
By Соња Крамарска on October 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот советник во владиниот Сектор за европски прашања, и признаен експерт за односите меѓу Скопје и Брисел, Драган Тилев во првата оценка по објавувањето на извештајот на ЕК за Македонија рече дека тој е објективна слика за реформите и за усогласеноста со ЕУ.

„На 12 октомври Европската комисија го објави долгоподготвуваниот пакет за проширување за 2022 година, со посебни годишни извештаи за секоја земја од Западниот Балкан и Турција. Велам, долгоподготвуваниот, бидејќи извештајот содржи наоди и факти за се што се случило, или не се случило, а требало да се случи, во изминатите 365 дена. Во таа насока, ќе нагласам дека извештајот за 2023 година веќе почнува да се пишува од денеска. Затоа време за одмор нема. Потребна е длабинска анализа, која веќе СЕП ја работи и конкретни одлуки и акции“, вели тој.

Тилев рече дека извештајот е објективна слика за тоа до каде сме со реформите и какво е нашето ниво на усогласеност со европското право, врз основа на објективни информации добиени од наша страна, но најголем дел и од страна на други фактори, покрај Европската комисија, односно од земјите членки, од Меѓународните финансиски институции и од невладините организации. „Вообичаено е дека некои ќе го третираат извештајот како добар, некои како помалку добар, некои како објективен, а други пак не. И едните и другите се во право, бидејќи Извештајот само бележи резултати во извештајниот период и кумулативен успех од 2001 година наваму и зависи кој како сака да го чита. Она што е важно е да се разберат пораките, насоките, трендовите, приоритетите“, смета тој.

Тилев посочи дека според него извештајот е добар. „Од моето искуство можам да го оценам како добар, бидејќи го бележи почетокот на долгоочекуваниот почеток на пристапните преговори и првата меѓувладина конференција одржана на 19 јули оваа година, како и продолжувањето на скрининг процедурата, или аналитичкиот преглед на европското законодавство. Во политичките критериуми кумулативно и натаму сме солидни, најмалку како Црна Гора и Србија кои веќе долго време преговараат, а сме пред другите во делот на економските критериуми. Тоа е добра стартна основа да продолжиме со премин кон европското закондавство во сите кластери, области и поглавја, сега според новата методологија“, оценува тој.

Неговата порака е државата да го искористи моментумот на скрининг процесот, делумно вратениот ентузијазам кај администрацијата и поволната политичка клима во рамките на Унијата и особено кај членките кои се јавуваат како главни двигатели на овој процес и да се забрзаат реформите. „Промените се континуирани, нам не ни останува ништо друго туку да се прилагодуваме на промените, и тоа најбрзо што можеме“, смета Тилев.

Осврнувјќи се на новиот геополитички фактор – војната во Украина, тој додава дека има влијание врз светот, и политички и економски. „Нашата евро-атлантска ориентација е недвосмислена, нашето членство во НАТО огромен плус за нашата безбедност. Но, ќе мора и внатре да се консолидираме околу клучните реформски процеси, да се донесат државно одговорни политички одлуки кои земјата ќе ја покренат нанапред, ќе го забрзаат нашето интегрирање во ЕУ и ќе обезбедат заедничка иднина. Не велам подобра, не велам посветла, туку велам заедничка, оти времето е такво да мора да се определите, а ние оддамна се определивме и остануваме на вистинската страна на историјата“, вели Тилев.

„Извештајот е само сигнал до каде сме и кои треба да бидат нашите приоритети, се друго останува на нас дома да го сработиме. Никој одлуките нема да ги донесе наместо нас, никој нема да ја гради нашата држава за нашите идни генерации. Тоа е наша државна обврска и наш национален приоритет“, порача овој долгогодишен експерт.

 

2022 Драган Тилев Извештај на ЕК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.