Затворената поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска го прекина штрајкот со глад.
Опозициската партија во Украина, соопшти дека нејзината ќерка Евгенија ја посетила нејзината мајка, и констатирала дека е во многу лоша состојба и дека „речиси и не станува од кревет“.
Јулија го прекинала штрајкот на барање на нејзините поддржувачи. Тимошенко почна да гладува на 25 ноември во знак на протест поради одлуката на украинската Влада да не ја потпише Спогодбата за асоцијација со Европската унија.
Таа е осудена на седум години затвор за злоупотреба на премиерската функција.