Седум од иконите кои пред три дена ги конфискуваше албанската полиција се од струшкиот регион, а биле украдени последниве две до три години.
Меѓу украдените икони стручните лица од епархијата до сега идентификувале: 3 икиони од 18 век на Христос, Богородица и Свети Никола од црквата Св.Никола од село Радожда, иконата на Свети Атанасиј од село Буринец, иконите на Хрисотс и Богородица од црквата во село Селци, и уште една икона на Христос од село Модрич.
Албанската полиција во стан во Тирана кај двајца осомничени пронајде над 1.000 икони и сакрални предмети за кои беше објавено дека потекнуваат од Албанија и од Македонија.
>>Запленети над 1.000 икони во Албанија
Денеска митрополитот дебарско-кичевски епархија Тимотој, посочи дека во период од 2008-ма година, до сега од црквите во дебарско –кичевската еперхија која била највеќе на удар на криминалците биле украдени над 300 икони.
„Ние очекуваме дека можеби целиот фонд што е украден од РМ да го најдеме таму“, потенцираше г.Тимотеј.
Тој уапти апел до надлежните институции час поскоро да се вклучат со расположливите нивни можности државнички и меѓународни преку кои се поврзани со различни конвенции помеѓу една и друга држава и да се испратат стручни луѓе кои што ја познаваат таа проблематика и кои што се упатени да направат идентификација на тоа богатсво кое што го поседуваат овие арамии.




