Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тимови од МСУ на стручна обука во Полска и Холандија преку Еразмус

0
By Нова ТВ on May 8, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Музејот на современата уметност-Скопје по одобрениот грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за Програмата Еразмус, реализираше посета на Музејот Штуки во Лоџ, Полска и Институт Лима од Амстердам, Холандија.

-Програмата која вклучува едукациски стратегии во насока на стручно надоградување на професионалниот кадар се реализираше согласно потребите на Музејот на современата уметност-Скопје во сферата на компетентноста на кадарот, следењето на европските структурални димензии  и Стратегијата за интернационализација во соработка со актуелни и можни европски партнери, соопштија од МСУ. 

Од Музејот објаснуваат дека во рамки на проектот кој се реализираше во текот на 2017 и 2018 година во Музеј Штуки, Лоџ (вклучувајќи ги сите три поставки во MS1, MS2 и Хербст Палатата) во текот на март, тимот на МСУ Скопје составен од  Мира Гаќина, Јованка Попова и Илиана Петрушевска реализираше работни средби и размена на искуства со директорот на музејот Јарослав Сухан, како и куратори и стручни лица од изложбениот оддел, одделот за едукација, одделот за конзервација. Музејот на современата уметност-Скопје при Еразмус+ програмата за мобилност се здоби со нови сознанија за одредени нивни искуства и програми кои кај нас допрва треба да се имплементираат меѓу кои и иновативни пристапи за доближување на музејските поставки на луѓе со посебни потреби и деца со пречки во развој.

На Еразмус+ програмата за мобилност во Холандија учествуваа двајца куратори и еден конзерватор, Бојана Јанева-Шемова, Благоја Варошанец и Љупчо Иљовски, кои во текот на месец април присуствуваа на седумдневна обука за документација, реставрација и презервација на нови медиуми (видео и инсталации) во Институтот Лима, Амстердам. Притоа, се стекнаа со специфични знаења и вештини за најновите методи во кураторската пракса и документирање, третирање и презентирање на делата, како и увид во најновите приоди во дигитализацијата и презервацијата на нови медиуми. Обуката беше спроведена преку заедничка работа на конкретни примери од делата на Колекцијата на МСУ-Скопје, проследени со предавања, дискусии, работилници за преземање на практични чекори, вежби, споделена литература, посета на депото на Стеделијк Музејот и другите поголеми музеи во градот.

Стекнатото знаење и воспоставените соработки на тимот на Музејот на современат уметност во Скопје се очекува да биде споделено со стручната јавност преку работилници и презентации, велат од МСУ. 

Лима МСУ Штуки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.