Published: Tuesday, January 1, 2019 14:48
Новата 2019 ја зема првата жртва. Австриската полиција соопшти дека 17 годишно момче починало од голема петарда кој се обидувал да ја активира во текот на Новогодишната ноќ.
Тинејџерот се обидувал да ја активира“бомбата“ од металната цевка која експлодирала при што му нанела тешки повреди на главата. Момчето итно било однесено во болница во градот Риед, каде што починало.
Властите во Холандија, исто така соопштија дека две лица загинале, во два различни инциденти од огномет. Полицијата во градот Инскеде соопштила дека веднаш после полноќ пронашле човек како лежи на земја, кој веројатно е убиен од експлозија од огномет.
Во градот Мора на Северното море било пријавено дека од експолозија на петарди загинал 41 годишен маж.




