Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тинк-тенковите: „Фабриките“ на идеи што Балканот сè уште не ги слуша

0
By Zoran Ivanov on July 13, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 13, 2026 22:26

На Балканот, за жал, политичкиот матрикс функционира поинаку. Тој е изграден главно врз логиката на зачувување на власта и секојдневните политички калкулации. На Балканот не му требаат повеќе политики, туку институции што го слушаат знаењето. Ако сакаме регион што ќе оди напред, мора повторно да го вратиме почитувањето кон идеите. Затоа што развојот не започнува со буџети или изборни кампањи, туку со добра идеја, заснована на знаење и креативни решенија.

Лорик Идризи

На една од сесиите на програмата на Aspen Institute имав можност да слушнам една дефиниција што ми остана во сеќавање: тинк-тенковите се фабрики на идеи. Тие не произведуваат моќ, туку знаење и креативни решенија. Токму затоа, во многу европски земји овие центри станаа значајни партнери на јавните институции, помагајќи во креирањето политики што се темелат на факти, научни истражувања и креативно размислување.

Сметам дека еден од суштинските проблеми на Балканот лежи токму тука. Политичките партии, генерално, не се доволно отворени кон аналитичките центри и институтите што создаваат идеи. Тие ретко ја гледаат нивната експертиза како вреден извор за донесување одлуки. Соработката, кога постои, често е формална – „заради ред“ – а не затоа што постои искрена волја да се искористат знаењата и искуствата што ги нудат овие институти.

Во најразвиените европски демократии, тинк-тенковите претставуваат мост меѓу академската заедница, граѓанското општество и политиката. Тие тестираат идеи, анализираат проблеми, споредуваат меѓународни модели и предлагаат конкретни алтернативи. Така се создава политичка култура во која одлуките не се темелат само на интуиција или изборни интереси, туку и на аргументи и креативни решенија.

На Балканот, за жал, политичкиот матрикс функционира поинаку. Тој е изграден главно врз логиката на зачувување на власта и секојдневните политички калкулации. Во таква средина, креативноста не се охрабрува, напротив, често се доживува како закана. Политиката се затвора во себе и ја губи способноста да слуша нови идеи што нудат креативни решенија.

Овој менталитет не се создава само во политиката. Тој се гради многу порано. Започнува во семејството, продолжува во предучилишното образование, во училиштето, а потоа и на универзитетот. Уште од најрана возраст, поединците се учат да се прилагодуваат на однапред зададени шеми, да не го преиспитуваат авторитетот и да не размислуваат поинаку. Оваа култура на конформизам постепено ја уништува креативната енергија, храброста за експериментирање и способноста да се создаваат иновативни решенија.

Образованието и политиката се двата најважни столба на развојот на едно општество, додека семејството претставува социјална димензија што ги поврзува. Кога образованието не поттикнува критичко размислување, а политиката не ја вреднува експертизата што нуди креативни решенија, општеството останува без суштината што создава нови идеи. Образовниот систем тешко може да се трансформира без поддршка од политиката, а политиката, доколку остане затворена во логиката на изборниот опстанок, ја губи способноста да го води развојот.

Затоа е време политичките партии на Балканот многу повеќе да се отворат кон центрите на мислата. Не за да ги користат како институционален декор или за легитимирање однапред донесени одлуки, туку за да ги направат вистински дел од процесот на креирање јавни политики. Нашиот регион нема недостаток од експерти. Напротив, располага со институти и организации со значително искуство, меѓународни мрежи и длабоко познавање на најдобрите европски практики.

Секако, овие модели не можат механички да се копираат. Тие треба да се приспособат на балканската реалност, на нашите институционални, економски и општествени предизвици. Токму тука лежи вредноста на тинк-тенковите – во нивната способност да ги претворат меѓународните искуства во применливи политики за локалниот контекст.

На Балканот не му требаат само повеќе политики, туку институции што го слушаат знаењето. Ако сакаме регион што ќе оди напред, мора повторно да го вратиме почитувањето кон идеите. Зашто развојот не започнува со буџети или изборни кампањи, туку со добра идеја, заснована на знаење и креативни решенија.

 

колумна Лорик Идризи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.