Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тирана ќе ни врати 20 икони, остануваат уште 37 за враќање

0
By Соња Крамарска on November 15, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Изразувам огромна благодарност за сиот професионален и стручен ангажман на тимот, кој сиве овие години работеше синхронизирано, и со една цел – враќање на иконите во земјава. Исто така, изразувам благодарност и до албанската страна со која бевме во постојан контакт, постојано разменувавме информации и стручни мислења“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Владата на средбата со новинарите по повод враќањето на 20 икони од Република Албанија и потпишаниот Договор за соработка.

Костадиновска-Стојчевска, на прес-конференцијата што ја одржа заедно со историчарот на уметноста, д-р Сашо Цветковски истакна дека по успешното враќање на 20-те икони, во Албанија се идентификувани уште 37 икони за кои ќе следува процес на враќање, а искуството од овој процес уверува дека постапката нема да трае десет години.

Костадиновска-Стојчевска рече дека овој процес има посакуван епилог благодарејќи и на професионалноста во почитувањето на одредбите од Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година „за начинот на забрана и спречување нелегален транспорт, извоз и пренос на сопственост на културни добра“, чии потписници се Македонија и Албанија.

За конечно враќање на иконите, информираше таа, потребно е двете собранија да ги ратификуваат договорите, по што ќе се реализира и физичкото враќање на иконите во земјава.

„Оваа постапка е секако успех, но и опомена дека треба да вложиме напори да го заштитиме културното наследство за да не биде предмет на кражби кои би резултирале со негово незаконско изнесување од државава“, рече Костадиновска-Стојчевска. Таа додаде дека со оглед на тоа што најчесто цел на незаконските изнесувања се археолошките предмети и иконите, мора да се зголемат мерките за поголема безбедносна заштита на овој вид културно наследство.

„Заштитата на културното наследство е наша најголема одговорност, на секој поединец и на сите институции. Сите сме должни, секој во својот домен, да се грижиме и да го чуваме националното богатство. Во тој контекст, Министерството за култура и стручните установи за заштита на културното наследство изразуваат подготвеност за поголема соработка со  МПЦ. Со оглед на тоа што голем дел од сакралните објекти се во непристапни и недоволно населени простори, тие се во ризик. Остануваме отворени за соработка и во делот за користење на депоата на нашите национални установи за привремено депонирање на вредното културно наследство со кое располага Македонската православна црква“, истакна министерката за култура.

Сашо Цветковски од МАНУ, кој е дел од тимот во сиве изминати години и беше дел од постапката за враќање на иконите, детално образложувајќи го целиот процес, рече дека разговорите се интензивирале во последната година со што се доби можност за првпат во историјата на нашата држава да се потпишува ваков договор и да се воспоставува систем на соработка во оваа сфера.

„Чинот на враќање на иконите е историски бидејќи и во 70-тите години од минатиот век се правеле обиди за враќање на културно наследство, но тие не биле успешни, така што вчерашниот чин добива значење“, истакна Цветковски.

Тој го наведе и бранот на насилно влегување во црквите во југозападна Македонија, кога беа украдени голем број икони и црковни предмети, а по увидот во галеријата во Тирана во 2013 година, се констатирало дека има многу македонски икони што се чуваат во Албанија.

„Во декември 2013 година, со стручни екипи и со лица од МВР, отидовме во Тирана за да направиме увид на иконите, видовме дека има илјадници предмети украдени од Албанија, Грција и Македонија. Предноста беше што нашата држава има студиозна и квалитетно изработена евиденција на иконите како културно наследство. Тоа ни беше од голема полза. Исто така, Центарот за културно наследство при МАНУ има голем број истражувања, така што имаме целосна слика за иконите како културно наследство што ги поседуваме“, појасни Цветковски.

Тој ги поздрави заложбите на Министерството за култура за заштита на културното наследство, но истакна дека на 90 проценти од иконите им е потребна заштита.

Цветковски истакна дека има многу значајни икони, меѓу кои и иконата на Дичо Зограф што вчера ја презентираа министерките за култура на Северна Македонија и на Албанија како симболичен гест, особено поради тоа што следната година се навршуваат 150 години од раѓањето на овој исклучителен зограф.

С.К.

 

Албанија Бисера Костадиновска - Стојчевска икони
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.