Астрит Калаја, судија во Апелацискиот суд во Тирана, е убиен денеска во судница со неколку истрели од огнено оружје. Убиството се случи попладнево, околу 15:40 часот, додека изрекувал пресуда во имотно-правен спор. Нему во срце му пукал 30-годишниот Елвис Шкамби, еден од учесниците во процесот, кој бил страна во спорот.
Албанските медиуми, според првичните информации, пишуваат дека Шкамби не бил запрен од обезбедувањето на влезот во судот и вооружен влегол во судница.
По објавување на пресудата, која според сторителот била во корист на другата страна, го извадил пиштолот и пукал директно во судијата. Веднаш потоа пукал и во Ракип и Елвис Куртај, татко и син, кои пред судот ја застапувале другата страна.
Притоа, двајцата се здобиле со повреди и се превезени во болница, каде според лекарите, се надвор од животна опасност.
Полицијата веднаш го упасила Шкамби кој го признал делото.