Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тирана под полициска опсада – политичките ѕвезди од регионот и Европа на едно место

0
By Соња Крамарска on December 6, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Во Тирана освен лидерите на земјите од Западен Балкан дојдоа и Емануел Макрон, Урсула Фон дер Лејен, Олаф Шолц, Шарл Мишел, Џорџија Мелони и други државници, поради што центарот на градот е затворен за сообраќај. Наедно се одржува и протест организиран од опозициската Демократската партија и нејзиниот лидер Сали Бериша.

Во градот се распоредени голем број полицајци, а на покривите на Конгресната палата може да се забележат снајперисти.

Присутни се и голем број медиумски тимови од регионот и цела Европа.

Бериша ќе одржува протест на опозицијата против Еди Рама, кого го обвинува за соработка со Александар Вучиќ и Отворен Балкан, како и за заостанување на Албанија во евроинтеграциите.

Полицијата не и дала дозвола на Демократската партија да го одржи протестот, но Бериша изразил решеност да го организира, објави албанскиот Јуроњ.

Бериша нагласи дека опозицијата денеска ќе ги наполни улиците и плоштадите во Тирана, како и ќе протестира пред зградата на владата, за да ги брани европските вредности, кои, како што тврди, ги загрозува албанскиот премиер Еди Рама.

Бериша претходно организираше протести против доаѓањето на српскиот претседател во Тирана на состаноците на Отворен Балкан, тврдејќи дека иницијативата Отворен Балкан и служи на српската хегемонија.

Со самитот во Тирана претседава претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.

Главните теми на самитот во Тирана се заедничко решавање на последиците од руската агресија врз Украина, интензивирање на политичкиот ангажман, зајакнување на безбедноста и градење отпор на странско мешање, соочување со предизвиците на миграцијата, борбата против тероризмот и организираниот криминал.

На крајот е предвидена заедничка прес-конференција на која ќе говорат претседателот Шарл Мишел, Фон дер Лајен и албанскиот премиер Еди Рама.

Учесниците на самитот треба да усвојат и декларација со која ќе се потврди заложбата за перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ на земјите од Западен Балкан и забрзување на тој процес.

ЕУ и земјите од Западен Балкан ги намалуваат и укинуваат и трошоците за роаминг.

Сали Бериша Самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.