Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Титаник 3: Судијката Оља Ристова изземена од предметот

0
By Нова ТВ on February 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 4, 2019 11:32

Претседателот на Кривичниот суд Скопје, Иван Џолев го прифати барањето на судијката Оља Ристова  за нејзино изземање од предметот на Специјалното јавно обвинителство означен како „Титаник 3“.

-Постапувајќи по барање за изземање на судијата Оља Ристова од предметот со К.бр. 1905/17, оформен по обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, а означен како „Титаник 3“,  поднесен лично од судијата, претседателот на Судот донесе решение со кое по извршениот увид во предметот и изјавата на судијата согласно  член 36 ст. 1 и член 33 ст.2 од ЗКП  го усвои барањето, се наведува во соопштението од Кривичен суд.

Како што е посочено, судијата Оља Ристова во барањето наведува дека на емисијата „Код“ на телевизија Телма од 27.01.2019 година, јавната обвинителка Катица Јанева дава изјава во контекст на наводните закани од еден од бранителите во конкретниот предмет упатени кон обвинител од  надлежното обвинителство.

-Во таа насока, Јанева во својата изјава бара од новинарите и јавноста будно да го следат овој предмет, бидејќи судот, како што вели,  не ги прифатил овие наводни закани како сериозни и не презел мерки во тој правец, како и тоа дека не е воспоставен соодветен ред во судницата. Во однос на оваа изјава, судијата Ристова смета дека со ваквото неосновано медиумско влијание за предмет за кој и онака секоја расправа се одвива  во присуство на претставници на медиуми, невладини организации и меѓународни претставници во земјата, се врши директен притисок и се доведува во прашање нејзината независност и непристрасност во постапувањето, што отвора сомнеж во јавноста, се наведува во соопштението од Судот.

Оттаму посочуваат дека и Судот овие изјави на СЈО, ги разбира како обид за директен притисок врз судијата, иако медиумското следење на предметот од поднесување на обвинителниот акт преку неговата оценка и отпочнување на главната расправа се одвива со постојано присуство на медиумите и соодветни известувања за јавноста.

Судот смета дека во постапката на овој предмет судијата има излезено во пресрет во однос на сите барања на странките, а редот во судницата никогаш не бил доведен во прашање.

-Сепак заради отстранување и на најмал сомнеж за пристрасност, а имајќи ги предвид изјавите на судијата Оља Ристова и наводите на СЈО во однос водењето на постапката од страна на судот, се одлучи во смисла на член 36 ст. 1и член 33 ст. 2 од ЗКП и барањето за изземање беше усвоено, велат од Судот.

Предметот согласно АКМИС – системот ќе биде распореден на понатамошно постапување кај друг судија, а по насрочена главна расправа јавноста и странките ќе бидат дополнително известени.

Во „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.