Американскиот претседател Барак Обама на службената вечера после самитот Г20, на која домаќин беше Владимир Путин, задоцни и пристигна последен, јавува Ројтерс.
Вечерата, која се одржуваше во Петров дворец кај Санкт Петерзбург, светските лидери ја искористија за да разговараат за Сирија.
Во средата рускиот претседател Путин изјави дека американскиот Конгрес нема право да одобри употреба на сила против Сирија без одлука на Советот за безбедност на ОН и дека таков потег би се сметал за чин на агресија.
Според Путин американскиот државен секретар Џон Кери лажел за улогата на Ал-Каеда во сирискиот судир што ја зголеми напнатоста пред самитот.