Од иницијативата „Кој е следен“ повикаа на мирен собир на плоштадот во Скопје по повод 6 месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Собирот е најавен за во 20 часот и 16 минути.
„Не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Вака веќе не може. Не смееме да отрпнеме. Болката мораме да ја почувствуваме сите заедно. Таа болка треба да не разбесни и поттикне на акција.Најважно е да не престанеме да се бориме за вистината, да не останеме мени пред неправдата, да преземеме одговронсот, секој на свој начин “, велат од „Кој е следен“