Невладината „Транспарентност Македонија“ во својот последен извештај за мај, за состојбите со борбата против корупцијата и криминалот, повикува да се расчисти македонското учество во скандалот со леарницата „Јеремиќ“ во која се леени голем број споменици од Скопје 2014
„Скандалот со леарницата „Јеремиќ“ од Србија за која полицијата утврдила дека повеќекратно биле зголемувани цените за скулптурите за „Галеника“, а во која се леени повеќе споменици од проектот „Скопје 2014“ ги потврди сомневањата на ТМ за нереално
високите цени за спомениците со што е оштетен буџетот на РМ за десетици милиони евра.
И додека во Србија за ваквите незаконски трошења на народните пари надлежните органи покренаа постапка за утврдување на кривична одговорност за злоупотреба на службената должност и перење на пари, за надлежните органи во Македонија податокот дека за лиењето на скулптури во оваа леарница биле платени нереално високи цени не поттикна никаков интерес кај надлежните органи за утврдување дали истото е направено и за леењето на скулптурите нарачани и платени од Македонија“, се вели во извештајот на ТМ
ТМ го охрабрува градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, доследно да
ја спроведе најавената ревизија на проектот „Скопје 2014“ и покрај сите опструкции на власта, а за наодите од истата транспарентно, навремено и целосно да ја извести јавноста.