Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТМ: Новинарите покажаа дека нема да се уплашат ни од апсењата

0
By Нова ТВ on November 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 18, 2013 12:25

Асистенцијата на полициските единици за посебна намена – специјалната полиција – во секоја прилика во која власта се соочува со новинарски протести поради континуираното гушење на слободата за јавно изразување во земјата, кулминираше со случајот на мирниот протест на 23 октомври 2013 г. по повод драконската затворската казна изречена против новинарот Томислав Кежаровски од страна на Судскиот совет при Кривичниот суд во Скопје на чело со судијката Виолета Груевска, се вели во извештајот за месец октомври на невладината Транспарентност Македонија.

Според ТМ, “премиерот Никола Груевски и неговата лојална министерка Гордана Јанкуловска продолжуваат со праксата започната со полициско-инспекцискиот упад во А1 ТВ кон крајот на 2010 г., како и при новинарските протести пред судот во Скопје, при полноќните апсења и приведувања новинари, при бркањето на новинарите од галеријата во Собранието на 24 декември 2012 г. итн”.

„Речиси целокупната експертска заедница се согласува дека непропорционалното
демонстрирање сила со посегањето по специјалната полиција во секоја прилика кога се во прашање новинарите, претставува груб притисок врз слободата за изразување во земјава,“ се наведува во извештајот на Транспарентност Македонија.

Според ТМ, паничното однесување на Груевски и Јанкуловска донекаде е и разбирливо: новинарите и нивното професионално здружение ЗНМ се едни од ретките во Македонија кои не попуштија пред големиот притисок на власта за нивно замолчување.

Власта, конечно – и по препорака на ТМ – се откажа од донесување на еклатантно недемократскиот Закон за медиуми; жалната состојба со слободата на изразување е веќе општо место во сите меродавни меѓународни извештаи за демократијата во Македонија, а новинарите покажаа дека нема да се уплашат ни од апсењата што ги спроведува власта во селективната примена на правото во Македонија.

ТМ ја повикува Владата на Никола Груевски да престане со употреба на специјалните полициски единици за гушење на слободата на изразување во земјава и за притисок врз новинарите.

ТМ ја повикува министерката Јанкуловска да се откаже од својата политичка дволичност и да престане да доаѓа на преговорите со ЗНМ – кога и ако тие преговори продолжат – бидејќи таму се преговара за повеќе слобода во работата на новинарите, а не на полицијата при употреба на сила.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.