Проектот на Владата за вработување на 1.600 лица во ЈП „Македонски шуми“ e класична злоупотреба на институциите – како замена за недостатокот од поефикасна социјална и развојна економска политика на Владата – со искривување на процедурите и ненаменско трошење од државниот Буџет, финишира со донесувањето на Законот за
претворање на побарувањата на РМ по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок од доход, придонеси на вработените, камати и споредни даночни давачки и обврски од кредити, во траен влог на РМ во ова jавно претпријатие, се вели во извештајот за месец септември на невладината Транспарентност – Македонија
– Ова бездруго наликува на озаконување на злоупотребата на јавни средства. Дополнително, заборавена е иницијативата на ДКСК за кривичен прогон на директорот на ова претпријатие, Жарко Караџоски, поднесена пред речиси 2 години, во врска со можна злоупотреба на средствата на претпријатието, па дури и неговиот син сега е вработен како инспектор кој треба да придонесе кон почитувањето на финансиската дисциплина во претпријатието, наведуваат од Транспарентност – Македонија.




