НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„То вима“: Што содржи пакетот идеи на Нимиц за решение на спорот

3
By Нова ТВ on February 5, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новото име целосно да се усвои и за внатрешна и за надворешна употреба, но по интеграцијата во ЕУ; не постои задолжителна промена на уставот; Нимиц ја повторува клаузулата на неексклузивност за термините „македонски“ и „Македонија“ за економска употреба; новото име да се користи непреведено или преведно по избор на секоја страна;  ова се дел од точките од „пакетот идеи“ на медијаторот на ОН Метју Нимиц, што го објавува денеска весникот „То вима“, пренесува МИА.

– Во пакетот што Нимиц на 17 јануари го доставил до двајцата преговарачи, не е спомената задолжителна промена на Уставот на ПЈРМ за да се смени денешното уставно име  или други точки што според некои имаат иредентистичка содржина. Владата на ПЈРМ е надлежна да оценува кои ќе бидат „обврзувачките, веродостојни и неотповикливи национални процедури“ за спроведување на решението. Нимиц предлага двете земји одново да потврдат дека не негуваат територијални претензии  или барања (овој предлог е врз база на взаемност), како и за взаемно почитување на културното наследство, пишува „То вима“.

Според „пакетот идеи“ на Нимиц, како што пренесува весникот, усвојувањето на новото и конечно име што ќе биде ерга омнес, е поврзано директно и само со интеграцијата во Европската унија. Што значи дека уставно име ќе продолжи да биде во сила до влезот во Унијата. Истото ова, минатата седмица го објави и грчкиот весник „Катимерини“.

– Во однос на поканата за интеграција на ПЈРМ во НАТО, Нимиц истакнува дека до датумот на кој Скопје официјално ќе стане член на Северно-атлантската алијанса би требало бидат преземени сите неопходни мерки за да се уредат билатералните односи со останатите земји членки врз основа на новото официјално име што по азбучен ред ќе биде заведено под буквата М, пишува „То вима“.

Весникот, повикувајќи се на документот од медијаторот, ги потврдува информациите објавени во медиумите за петте предлози доставени до преговарачите на 17 јануари: „Република Горна Македонија“, „Република Северна Македонија“, „Република Вардарска Македонија“, „Република Нова Македонија“  и „Република Македонија (Скопје)“, но споменува и дека Нимиц е отворен и за други предлози. „То вима“, објавува дека медијаторот во неговиот текст како пример за да ги претстави неговите идеи го користи името „Република Горна Македонија“, нешто што неодамна предизвика шпекулации во медиумите дека за ова име се согласиле и двете страни.

– Во прашањата за националноста и јазикот (што претставуваат двата столба на идентитетот и предизвикаа тензии за време на неодамнешната посета на господинот Нимиц во Скопје и за она што го кажа скопскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров), специјалниот претставник предлага опција: словенската верзија „makedonski“  или опис врз база на официјалното име или  врз база на кратката верзија на името (на пр. Граѓанин на Република Горна Македонија), објавува грчкиот весник.

Во однос на економската употреба, Нимиц, според „То вима“, ја споменува „клаузулата на неекслузивност“ при употребата на изразите „Македонија“ и „македонски“ и ги повикува двете страни да дојдат до взаемен договор што ќе може да се спроведе на сите јазици за употребата на овие термини.

– Во врска со преводот на новото име како од двете инволвирани страни, така и од земјите членки на ОН или трети страни, тие ќе можат да го преведуваат според нивен избор или да го задржат непреведено – нешто што Атина го преферира  и нешто што веќе го има кажано преку министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, објавува весникот.

Додека, пак, во однос на спроведувањето на решението и опсегот на употреба, во „Пакетот идеи“ на медијаторот, според „То вима“, треба да се разгледаат повеќе комбинации.

– Спроведувањето на решението, според Нимиц, ќе произлезе од комбинацијата на доставувањето извештај на Генералниот секретар на ОН до Советот за безбедност, на резолуција што ќе се усвои по договорот во рамките на Советот за безбедност, ратификација на решението од Генералното собрание на ОН, на билатерален договор меѓу Атина и Скопје, но исто така и со „обврзувачки, веродостојни и неотповикливи национални процедури“ од страна на ПЈРМ „вклучувајќи озаконување во Парламентот и извршната власт и доколку се сметаат за потребни и други правно неопходни мерки“, објавува грчкиот весник.

Според „То вима“, во однос на опсегот на употреба, Нимиц предлага процес во неколку дела. Најпрво, усвојувањето на соодветната резолуција за новото официјално име од Советот за безбедност дека тоа ќе се употребува „во сите официјални мултилатерални меѓународни рамки, вклучително и состаноци, конвенции, договори и официјални документи.“  Потоа, дека нашата земја, ќе треба да направи „најдобро што може за новото име да се користи во официјалниот систем на Обединетите нации и  другите мултинационлни организации“. Во овој контекст, медијаторот, како што објавува „То вима“, додава и три забелешки:

-Прво, дека самиот термин Македонија во непреведена или преведена форма, Скопје нема да го користи како официјално име на државата во ниедна рамка. Второ, дека термините „поранешна југословенска Република Македонија “ и ПЈРМ ќе престанат да се употребуваат во контекст на Скопје. Трето – и како што се чини најважно – терминот Република Македонија (Republika Makedonija) ќе продолжи да се користи за внатрешна употреба сѐ до датумот на членство во ЕУ, пишува весникот.

„То вима“, јавува дописникот на МИА од Атина, ги анализира и предусловите и можните компликации што би произлегле, но и деловите за кои се потребни појаснувања од медијаторот.

– Нимиц потенцира дека дури и по интеграцијата во ЕУ ќе може да постојат исклучоци во употребата на новото име „erga omnes за сите официјални цели во внатрешно, но и на меѓународно ниво“. Кои се овие исклучоци? Кога „користењето е исклучиво за домашна употреба“ (во внатрешноста на ПЈРМ) и „кога домашната активност и документите“ што се поврзани „не се во рамки на надлежностите на Европската унија“. Сепак, господинот Нимиц, одбива да објасни на што точно се однесува тоа, зголемувајќи ја конфузијата. Ова е една точка што ќе бара сериозни појаснувања, бидејќи процесот на интеграција во ЕУ најчесто е долг и соседната земја треба да изоди долг пат на реформи, пишува весникот.

Дипломатски извори од Атина за „То вима“ коментирале дека „усвојувањето на решението навистина ќе биде постапно, но паралелно ќе бидат потребни конкретни гаранции во пресрет на интеграцијата на ПЈРМ во  НАТО“.  Додека, пак, извори од Алијансата рекле дека постои временски период што не е обврзувачки одреден од поканата за членство за една земја,  до нејзината конечна интеграција, иако праксата, според весникот, покажува дека овој период не е повеќе од четири месеци.

Новинарот додава дека големи европски земји членки на НАТО (Германија, Франција, Италија, Холандија и Шпанија), неофицијално, но интензивно, се резервирани во однос на нашето членство во НАТО „поради внатрешната политичка нестабилност“.

НОВА дојде до одредени појаснувања во однос на тоа како евентуалното договорено решение за името ќе биде имплементирано.

Решението не предвидува менување на Уставот пред влез на Македонија во ЕУ. Влезот во Унијата, наложува да се направат уставни промени за да се прилагоди системот според преземените обврски со членството во Унијата во разни областа. Тогаш името што ќе биде договорено ќе стане уставно, а дотогаш името што е биде договорено, ќе се употребува секаде каде сега се употребува референцата ПЈРМ. По силата на меѓународниот договор, договореното име ќе биде додадено на пасошите, покрај актуелното уставно име. Една од причините за тоа е за да може да се уреди патувањето во Република Грција што сега е уредно со посебни листови.

 

Договор името пакетот на Нимиц То Вима
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.