Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТодорOFF – протестен марш до Министерство за здравство за малата Тамара

0
By Нова ТВ on June 9, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 9, 2015 10:56

Денеска се навршуваат четири месеци од смртта на Тамара Димовска од Велес, и по тој повод движењето #Протестирам во 18 часот ќе одржи протест до Министерството за здравство.

Во повикот кон граѓаните да учествуваат на протестот се вели:

Во вторник, на 9 јуни, се навршуваат 4 месеци од смртта на малата Тамара Димовска, која не доби можност за живот, зашто властите тоа не ѝ го дозволија, оставајќи ја да страда во лавиринтите на бирократијата и здравствената администрација. Оставките на двајцата, сега веќе поранешни директори на ФЗОМ, Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази не се доволни.

Најодговорен за смртта на Тамара е сѐ уште актуелниот министер за здравство, Никола Тодоров, кој вети дека ќе бидат платени сите трошоци за лекување и операција на Тамара, притоа излегувајќи од рамките на своите надлежности, а нам ни го одзеде правото да бидеме хумани и сами како граѓани да ги собереме потребните средства, зашто не верувавме дека некој може да биде толку суров и да излаже цел еден народ, за едно болно 9-годишно девојче, кое бара шанса за живот.

Ве повикуваме да ни се придружите на протестниот марш на 9 јуни во 18:00 од пристапот кон Владата на булевар Св. Климент Охридски до Министерството за здравство. Да им покажеме на властите дека не сме ја заборавиле Тамара, дека бараме правда за неа и дека нема да дозволиме убијци на деца да бидат на власт!

Да не ни се повтори Тамара! Никогаш повеќе! Да побараме уште погласно оставка и одговорност од Никола ТодорOFF! И да потсетиме дека каква било преодна влада со убијци на деца е неприфатлива, се вели во повикот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.