Министерството за здравство на својата интернет страница ги објави документите од тендерската документација за набавка на медицинска опрема и апарите, на кој победи фирмата „Висарис“, откако вчера СДСМ објави документ кој покажува дека министерството склучило договор со фирмата во која мнозински сопственик е мајката на Ивона Талевска, во вредност од 62 милиона 701 илјада 048 денари.
СДСМ побара од премиерот Груевски да не молчи, за како што ја нарече досега невидената корупција во медиумите, што ја отвора овој скандал.
>>Шилегов: Зошто Груевски, Тодоров и Талевска молчат за зделката
Портпаролот Шилегов претстави и документ кој покажува дека фирмата на Талевска добила од Премиерот и министерот Тодоров, и бизнис во здравството во износ од над еден милион евра.




