Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров: Нема да се следат лекарите, ќе се контролираат постигнувањата

0
By Менче Атанасова Точи on December 30, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 30, 2014 14:58


Министерството за здравство реагира на како што велат, изнесените невистини и комплетно неточни наводи во веста со наслов „Лекарите ќе се следат со електронски систем“, објавена на НоваТВ, во однос на предложените измени на Законот за здравствена заштита, кои се погрешно интерпретирани и објаснети, со што јавноста се дезинформира и се доведува во заблуда.

„Системот BSC (Balanced Score card) не е електронски систем кој ќе врши евидентирање на медицинскиот персонал на нивното присуство во просториите на болниците, како што е наведено во текстот. Напротив, станува збор за систем за стратешко планирање и менаџмент и избалансирано оценување на постигнувањата , кои се однесуваат на секоја ЈЗУ индивидуално и на менаџментот на секоја установа.

Евалуацијата на остварувањето на ЈЗУ според зададените индикатори всушност претставува евалуација на директорите на ЈЗУ за постигнатото во однос на планираното, што значи дека од нивото на реализација на поставените индикатори ќе зависи дали менаџментот на соодветната ЈЗУ ќе биде дополнително финансиски награден или не (основната плата на менаџерите може да се движи од -20% до +20%). Секој директор е должен да ги собира податоците за мерење на клучните индикатори и да ги внесува во системот, а врз основа на добиените податоци, Министерството за здравство четири пати годишно ќе изготвува ранг листа на најуспешни јавни здравствени установи.

Имајќи ги во предвид овие факти, уште еднаш апелираме за точно и објективно интерпретирање на законските измени, чија основна цел е севкупно унапредување на функционирањето на здравствениот систем, што е во интерес и на пациентите, и на здравствените работници, се вели во реакцијата од Министерството за здравство.

Од друга страна, претседателот на Лекарската комора Кочо Чакаларовски во изјава за НОВА, денеска детално го опиша системот со кој како што рече, ќе се врши контрола на работењето и движењето на лекарите во здравствените установи. Тој нагласи дека овој систем не е толку наменет да се контролира слободата на лекарите, колку да се знае каде е, за да биде пронајден доколку треба итно да биде повикан за некоја интервенција. На оваа тема беше дискутирано на три јавни состаноци со министерот за здравство, претставници на Лекарската комора, Синдикатот и заинтересираните лекари од болниците и клиниките, рече Чакаларовоски.

„Тоа не е џи-пи-ес, туку систем на електронска картичка која ќе ја има закачено на мантилот секој лекар. Лекарот треба да знае дека целосно треба да биде осветен на работата. Да се знае каде е, ако е на некој состанок, на некоја комисија да се знае дека е таму. Периодот од паузата за појадок ќе биде празен, нема да се следи каде оди и што прави. Но, доколку има непокриен период во кругот на болницата, ќе биде прашан каде бил во тој период. Целта е да се оневозможи работа на лекарите приватно во текот на работното време, а не толку за да се следи нивниот приватен живот, изјави за НОВА, Чакаларовски.

Тој нагласи дека лично немал проблем со овој предлог, односно измена во законот бидејќи во многу западни земји се практикува ваквиот начин на работа бидејќи работата на лекарите е јавна. Но, кај лекарите ова предизвика бура од негативни реакции.

Ќе се набавуваат биометриски скенери со кои ќе ни гледаат во зеници за да знаат каде сме. Можеби сум бил во погрешни земји како во Данска, Шведска, Норвешка, Франција но, вакво нешто не сум видел. Ова е многу необично, апсурдно и мислам дека идејата е да се внесе страв во коски. Се знае како се прави контрола на сработеното, со извештај кој оди кај директорот на клиниката, а не преку Министерство за здравство, изјави за НОВА професорот и абдоменален хирург, Милчо Пановски.

Лекарите велат дека нема потреба од овој систем бидејќи кога се во амбуланта преку „ Мој термин“ се пријавуваат и тоа се евидентира електронски, додека со ди-ер-џи системот секој лекар пишува што сработил, така да не е точно дека надлежните немаат контрола на нивното работење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.