Над 50 чешми биле украдени од тоалетите во Стоматолошкиот клинички центар. Посетителите не само што краделе чешми, туку од таму си заминувале и со течен сапун и тоалетна хартија. Други пак, се задоволувале со уништување на инвентарот- се пожали раководството на Стоматолшките клиники пред министерот Тодоров.
По ова министеротот одлучи да ги лови крадците и во тоалетите ќе постави камери.
„Ќе има камери и ние ќе им помогнеме за тоа. Од набавката што ја правиме ќе одделиме и за овој центар, вели Тодоров.
Освен што ќе ги открива крадците во тоалетите, Тодоров одлучи и да привлече повеќе пациенти, но да ги задржи и старите. За таа цел набавени се 20 нови стоматолшки столици и еден рентген апарат за потребите на клиниките..