Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров:Заев да каже за тендерите на татко му со О.Струмица

0
By Нова ТВ on September 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 17, 2013 13:14

Зоран Заев два дена одбива да даде одговор на едно просто и едноставно прашање: Дали татко му и чичко му добивале јавни набавки и договори со Општина Струмица и со општинските установи? Да или не?, праша на прес-конференција денска министерот за здравство Никола Тодоров.

Зоран Заев може да ја замајува јавноста со тоа дали Струмица е добра општина или не, со тоа дали оваа власт е демократска или не, но на крај мора да каже дали татко му добивал тендери и договори со Општина Струмица и нејзините институции, рече Тодоров.

Според него скандалот е уште поголем од првичните информации кои ние ги имавме и ги презентиравме. Јавната набавка за кој зборувавме како партија, а го добила фирмата „Зови промет“ ДОО Струмица во почетокот на 2013 година очигледно не е и единствен.

– Фирмата „Зови промет“ од Јавната Општинска Установа “Детска радост” и претходно во повеќе наврати добивала јавни набавки и договори.

– „Зови промет“, фирма на таткото на струмичкиот градоначалник, а сега и Претседател на СДСМ, во седум наврати склучила договор за јавни набавки со Јавната Општинска Установа “Детска радост” во вкупна вредност од, замислете, 30 479 891 денари.

– Договорите се склучени на 31.12.2009, на 01.02.2011 два договори, на 26.12.2011 исто така два договори и на 11.04.2013 година уште два договори.

– 30 479 891 денар од средствата на оваа општинска установа завршиле на сметката на приватната фирма на таткото на Зоран Заев, Панчо Заев, соопшти министерот Тодоров.

За да биде скандалот уште поголем на ден 12.12.2011 година Општина Струмица склучува директен договор со фирмата „Зови промет“ во вредност од дополнителни 84 400 денари. Синот Заев Зоран склучува договор во име на општината со таткото Заев Панчо за јавна набавка.

Ако ова не е скандал, ако ова не е непотизам и ако ова не е класичен судир на интерес за СДСМ тогаш слободно можеме да констатираме дека оваа партија ги има изгубено сите правци во своето работење.

Го потсетуваме господинот Зоран Заев дека во политиката покрај кривична постои и морална одговорност. Тој треба да си ја понесе заради овој скандал на класичен судир на интерес.

Зоран Заев јавно претендира еден ден да стане Премиер на Република Македонија. Ако овој човек правел скандалозни тендери на локално ниво, замислете што би правел кога одговорноста за работата на Владата би била во негови раце.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.