Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тогаш кога ќе се збогуваат од “Хилтон”

0
By Биљана Секуловска on April 27, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 27, 2019 10:57

Пред да се врати Груевски и да не спаси од сите зла кои ни се случија откако не напушти, треба да се има само едно нешто на ум- тој е набрзо заборавениот политичар (политичар, хм, хм), односно осуден криминалец во историјата на човештвото. Не од нас, не е заборавен од нас, нека размисли Заев кој навистина ги избриша сеќавањата.

Апелите, лелекањата и страдањата на одредени кругови дека Груевски може многу лесно и неверојатно брзо да се врати, доколку не се освести дел од гласачкото тело, не се слушаат. Едноставно не допираат, затоа што тие ништо и не значат, затоа што времето кое со полумртовечки тактови поминуваше, тогаш кога тој беше на власт, сега е само бледа слика. Како да не било, како да не ни се ни случило. Зошто не се сеќавате СДСМ?

Да ја спасиме државата, алармираат тие се погласни и поочајни крици, да излеземе во вториот круг претседателски избори, но зошто, за кого, во име на што? Тероророт кој Груевски го произведе, продуцира нови и апсурдни ситуации: кој Груевски? Каков терор? За која земја говориме? Во кои векови се враќаме? – продолжува СДСМ со наивните прашања.

Но, ако ја обновиме магливата меморија, тој груевизам беше казна за сите нас, без исклучоци верувам. Беше дури и казна за оние кои беа со него, но мораа да коленичат, да молат, да преколнуваат, да слушаат без поговор, за да добиваат и грабаат се она што го заслужиле, или не им припаѓало, за насилството да  не удри од сите страни. Тој- ним, тој и тие-нам, секој против секого, за на крај, каков расплет, заедно,  ја создадовме Шарената револуција.

Славењата на Шарената и денеска продолжуваат. Кандидатката на ВМРО, Гордан Силјановска, вели дека и таа била дел од Шарените, чекорела заедно со нас, можеби, не знам, се е можно. Веројатно тврди дека тогаш марширала со нас за правдата, против сите неправди, можеби, не знам, ништо не е невозможно.

Но, таа денес, доколку навистина правдата се испорачаше и доколку Сваровски судството не беше истото, уште цементирано, таа денес не би имала кому да му биде кандидат. Нејзината партија ќе беше апокалично срамнета со земја, половина од пратениците на ВМРО веројатно ќе мораа да се соочат со правдата, доколку таа се докажеше.

Не прејудцирам ничија вина, само потсетувам, што се можеше да се случи со Силјановска, односно што немаше да се случи- немаше кому да му биде кандидат, освен веројатно на Мицковски, но видете сега понатаму, се се комплицира безнадежно за неа. Белата палата ќе беше конфискувана, неупотреблива, ќе мораа да се користат задграничните комитети во Будимпешта за средби, продолжете само да замислувате, каква ќе беше тоа постгруевистичка рапсодија.

Силјановска деновиве, после првиот круг избори, велела, така читам, дека во нејзиниот мандат Македонија ќе стане членка НАТО. Тоа го вели “Припадничката на Шарените”, која до вчера го масакрираше и проколнуваше Преспанскиот договор, благодарејќи на кој влезот во НАТО се добива. Има ли подобар расплет од овој апсурдистан?

Не би зборувала за сигурното враќање на Груевски на бел коњ и црвен тепих, доколку не гласате во вториот круг. Човекот кој не уништи сите нас, човекот кој ја запали државава со поделби, омрази, конфликти, тој човек  само СДСМ може да го врати, преку груевизмот инсталиран во секоја пора, во сите клетки, и тој може само да ескалира.

Тоа Заев и во првиот круг се надевам дека го виде. Се надевам понатаму, дека нема да очекува од функционерите нивните роднини да си одат од државните фирми, со истата метеорска брзина со која влегле на тие работни места.

Затоа што, никој од Заев не побарал да очекува нешто од неговите функционери и да чека во длабока надеж дека тие ќе се разбудат. Едноставно е- се бара од Заев- да им ги покаже, на еден по еден на тие функционери, надворешните делови на вратите во кабинетите во кои тие  се вдомиле и потоа, во роднински синџири, вдомувале нови и нови и нови и нови и до бескрај нови, свои, идни наследници на царствата кои тие замислиле дека ги градат.

Каква само Вавилонска кула тие изградија, во неа сите јазици се испомешаа, не можеме да се разбереме, две години зборувавме со јазик кој ним им беше туѓ, ни се потсмеваа во себе, затоа што одбивавме да го слушаме нивниот јазик- на непотистички вработувања и доделувања на проекти, корупција, функционериски тендери. Како само таа кула може сите да не затрупа, доколку продолжат да ги градат сопствените височини.

Од тие височини, не можат и да се видат последиците, сиромаштијата на оваа земја, на граѓаните, кои најмалку што очекуваат е да завршат бесрамностите, вклучувајќи ја и закотвеноста во луксузните хотели како “Хилтон”, на партија, која се колне во социјалдемократијата, правичноста, егалитаризмот, некаква елементарна пристојност мора да се има, добога.

Вториот круг претседателски избори само така може да има смисол, за да продолжат со Пендаровски процесите кои започнаа, после владеењето на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ- влез во НАТО и започнување на преговори со ЕУ, таму каде што припаѓаме. Казната што ни ја додели Заев во првиот круг, ние сме тие што ќе можеме да ја исправиме.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.