Токио ќе биде домаќин на Летните Олимписките игри 2020 година, одлучи Меѓународниот Олимписки Комитет.
На гласањето во Буенос Аирес, комитетот го избра Токио пред другите два конкурента, Мадрид во Шпанија и Истанбул во Турција.
Претходно, главниот град на Јапонија беше домаќин на Олимписките игри во 1964 година,
Битката Токио ја доби откатко се заклучи дека е безбедно место и покрај радијацијата од нуклеарната централа Фукушима. Премиерот Шинзо Абе беше токму човекот кој пред комитетот го презентираше градот и вети безбедна програма.
Битката на градот беше со буџет од 5 до 6 милијарди долари во споредба со понудените 19 милијарди долари од страна на Истанбул, изјави Ед Хула, еден од главните пренесувачи од овој голем спортски настан.
А според Хула, владата на Токио веќе натрупала 4,9 милијарди со кој ќе ги подготвува игрите. Националниот стадион кој ќе биде домаќин на настаните од атлетиката и Големото отворање е надвор од тие трошоци бидејќи истиот веќе треба да биде готов за Светското првенство во рагби во 2017 година.
Доколку Турција беше избрана, земјата ќе беше првата муслиманска земја-домаќин на Олимписките игри, и една од најмладите.