Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Токсикологија против одлуката за тестови на пациентите пред да се упатат на друга клиника

0
By Менче Атанасова Точи on June 15, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 15, 2020 14:31

Во недостиг на соодветни услови за изолација на ваквите пациенти ќе има зголемен ризик за ширење на инфекцијата на сите пациенти кои ќе бидат амбулантски и хоспитално третирани на клиниката. Дополнително, со ИЈЗ немаме никаков договор, а со изведувањето на овие тестови на нашата клиника , би се изгубило драгоцено време за итно постапување кај одреден број состојби, што е спротивно на правилата на медицинската етика, порачуваат лекарите од Клиниката за Токсикологија

Итните пациентите да не се препраќаат на клиниките доколку не им се направи брз тест за коронавирус. Ваква одлука било донесено на состанокот одржан на 11 јуни на Клиниката за кардиологија меѓу директорите неколку скопски клиники, како што се Пулмологија, Кардиологија, на која биле присутни и министерот Филипче, директорот на Клиниката за токсикологија, која е и Ургентен интернистички центар и раководителот на Итната медицинска помош.

Според одлуката пациентите кои се неподвижни и на кои треба да им се издаде Интерклинички упат до друга клиника, мора да се задржат на Токсикологија и да се повика лице од Институт за јавно здравје за да им се направи брз тест на Ковид-19, а останатите кои се подвижни да одат до ИЈЗ, за да им се направи тест.

Известувањето кое осамна на Клиниката за токсикологија ги изненади и зачуди лекарите. Тие сметаат дека ваквата одлука ќе создаде големи гужви бидејќи само во ноќните дежурста имаат по 20 пациенти, а има многу здравствени состојбиво кои одлучуваат секунди.

„Замислете пациент со сите знаци на мозочно крварење или пациент со акутна бубрежна инсуфициенција да не смее да се испрати на неврохирург или на дијализа. Тој додека го чека резултатот од тестот  може да почине. Ќе има и многу конфликти“, велат лекари од клиниката.

Координаторот за скоспките клиники за време на Ковид кризата, проф.др. Дејан Докиќ смета дека така ќе се спречи пациенти суспектни на Ковид да доаѓаат на клиниките, а и тие да не се мешаат меѓу себе по ходниците.

„Идејата е тие да го задржат пациентот да го истретираат и од кога ќе се добие резултатот од тестот да се викне лекар од соодветната област на телефон кој ќе биде достапен 24 часа, тој да дојде на Токсикологија и да процени дали е за прием“, изјави д-р. Докиќ за НОВА.

Незадоволни од оваа одлука денеска Стручниот колегиум и наставниот кадар на ЈЗУ УК токсикологија одржаа состанок на кој е донесен заклучок со кој укажуваат дека одлуката е недоволно осмислена и е донесена без консултација со лекарите од клиниката.

„ЈЗУ УК клиника за токсикологија Скопје иако работи како Ургентен интернистички центар , таа не ги исполнува во вистинска смисла на зборот стандардите што треба да ги исполнува еден Ургентен интернистички центар поради немање соодветни просторно, кадровски, материјални услови за работа со најтешки пациенти .

Дополнителната обврска сите пациенти да бидат тестирани на COVID-19 , а која би требало ние да ја реализираме , во недостиг на соодветни услови за изолација на ваквите пациенти, ќе придонесе за зголемен ризик за ширење на инфекцијата на сите пациенти кои ќе бидат амбулантски и хоспитално третирани на нашата клиника.

Со ИЈЗ немаме никаков договор, а дополнително сметаме дека со изведувањето на овие тестови на нашата клиника , би се изгубило драгоцено време за итно постапување кај одреден број состојби, што е спротивно на правилата на медицинската етика.

Оваа одлука е недоволно обмислена и донесена без консултации со докторите од клиниката и затоа сметаме дека е потребно да се изнајде друго решение за кое Ви стоиме на располагање.

За ставот на присутните на состанокот се информирани и согласни сите вработени на клиниката“, се вели во соопштението од Клиниката за токсиколија.

Инаку, пациентите кои доаѓаат суспектни на Ковид-19, се препраќаат во ГОБ“8 Септември“, а на една од прес конференциите министерот Филипче најави дека Ургентен центар за овие пациенти ќе биде мобилната болница која е поставена пред Инфективна клиника. Најавено беше дека и лекари од Токсикологија ќе ротираат таму. Зошто се уште не профункционира мобилната болница, нема објаснуање.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.