Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тони Поповски: Архитектонското креативно лудило кај Холидеј Ин посилно од моралните принципи

0
By Нова ТВ on April 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 13, 2021 10:20

Непосредно по осамостојувањето кога бев студент во завршни години на архитектонскиот факултет имаше безмалку консензус меѓу архитектите и урбанистите дека оваа локација треба да биде Републички Центар или Центар на новата Република Македонија. Ако добро се сеќавам во ГУП на град Скопје во тој период, последната декада од минатиот век, таа локација ја имаше таа намена.

Концептот беше да се изгради ново Собрание на РМ а постоечкото да се пренамени во градска куќа – дом на градскиот татко, советот на град Скопје и администрацијата. Со овој пристап требаше да се раскине просторното и архитектонско поврзување со објект на постоечкото Собрание кој беше поврзан не само со претходниот политички систем туку и со Кралството на СХС. Тоа не се направи (за жал но и со одговорност на многумина) и се пропушти да ја одбележиме независноста на вистински и храбар начин.

На новата Република и требаше просторна и архитектонска рефлексија на новата ера на „независно и самостојно“ битисување.

Просторот пред главниот влез во овој нов репрезентативен објект на Собранието требаше преку каскаден плоштад во комбинација со парковско решение постепено да се симнува кон Вардар овозможувајќи за прв пат во градот единствена визуелна контакт точка со реката. Тој визуелен контакт со Вардар ние и ден денешен го немаме. Чувствуваме дека реката е тука, дека е присутна но не ја гледаме безмалку од ниту една точка во строгиот центар на градот доколку не сме на мост или непосредно да зачекориме на мост.

Другите содржини на оваа, за нас архитектите единствена слободна и од таа причина СВЕТА локација требаше да бидат наменети за републичката администрација а приземјата и првиот кат да бидат ставени во функција на граѓаните или да бидат пропусни, поврзувајќи се со ГТЦ. Имаше идеи и за структурно поврзување со ГТЦ со пешачка платформа – визуелно и функционално продолжување на ГТЦ во ова ткиво а овој пристап со структурно, метаболичко поврзување преку непречено движење се до Транспортниот центар беше и во согласност со концептот на Танге.

По однос на „стариот“ плоштад и решенијата на оската Стара чаршија – Музеј на град Скопје имаше консензус да се врати по метод на факсимил – со потполно идентична архитектура Македонскиот народен театар и да се изгради објект со сличен габарит и димензии на срушениот Офицерски дом – со намена за ново „матично“ и придружни содржини како и објект спроти него – функционирајќи како порта кон Камениот мост во правец на Старата чаршија, проследено и со обнова на Камениот мост. Во тој период популарен беше стилот на постмодерната согласно чии начела архитектонскиот израз треба да понесе белези од старото но првенствено да ги изрази преку нови современи градежни технологии и материјали. Впрочем согласно оваа доктрина и стил се изгради објектот на Македонскиот телеком.

Главен удар на овој концепт му зададе „Скопје 2014“. Се изградија низа објекти каде се всели републичката администрација, зафаќајќи ги неселективно сите возможни локации, без структура и просторен ефект. Особено се критични сите новоизградени објекти близу Вардар поради природниот сеизмички расед во близина на реката. Според мене но и стручни лица за сеизмологија, целосно неодговорно лоцирање. Архитектонскиот ефект го определи анахроната наредба од врховниот архитект – премерот, да се проектира се во неокласичен и барокен стил. Се отиде во тешка и кичеста крајност.

Новата политика, откако увиде дека на маркицата на Офицерскиот дом нема место за градската администрација и совет, донесе одлука да се всели во објектот на ЕСМ, кој можеби е фукционален но е крајно несоодветен за „градска куќа“.

На врховните политички демијурзи во нивното „креативно лудило“ им служеа архитекти и урбанисти а им служат и на алчните за профит инвеститори и МПЦ која наместо да биде духовен демијург (градител) докажува дека не го живее тоа што го проповеда – скромност, љубов и толеранција (кон луѓе и простор).

Мартин Пановски и тимот кој проектирал се обидува да извлече максимум аргументи за оправдување на инвеститорите и сите инволвирани во ова „забегување“ бидејќи работи по нивна програма и е платен за тоа. Сепак, Мартин мораше да покаже повисок морал и етика како претходен претседател на Асоцијацијата на архитекти која од водството на Даница Павловска -Циги преку него а и денес со Раѓеновиќ беше оправдан критичар на екстреми во архитектурата и урбанизмот кои нанесуваат трајни просторни и културолошки псоледици. Неговото учество во проектов директно ја компромитира визијата и мисијата на асоцијацијата која до неодамна ја водеше. Во крајна инстанца, дали вреди да се жртвува лична репутација за паричен надоместок, е негово интимно внатрешно прашање но Асоцијацијата, Архитектонските факултети и струката треба да биде многу внимателна кого избира да ја предводи и многу поединствена и со етички – вредносен кодекс, согласно кој треба да се бојкотираат работни задачи дадени од врвни демијурзи, агресивни политичари и инвеститори, напиша на својот Фејсбук профил првиот министер за животна средина, Тони Поповски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.