Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тонин: Местото на Северна Македонија е во Европската унија

0
By НОВА ТВ on August 27, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија е пријател на Словенија. Местото на Северна Македонија е во Европската унија, Словенија ќе направи се што е во нејзината моќ да станете што побрзо полноправна членка на ЕУ. Ја имате целосната поддршка на Словенија. Ќе се потрудиме да им кажеме на нашите бугарски пријатели дека и во нивен интерес е Северна Македонија да стане членка на ЕУ.

Ова го истакна Матеј Тонин заменик премиер и министер за одбрана на Словенија, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, на заедничката прес – конференција во Охрид со неговиот домаќин министерката Радмила Шекеринска.

-Денеска меѓу Северна Македонија и Словенија постои еден вид стратешеко партнерството кое ќе се заклучи со формален договор меѓу државите. Сигурен сум дека оваа соработка ќе биде поитензивна. Го чекам денот кога ќе станете полноправна членка на ЕУ, порача Тонин.

Тој ја поздрави одлуката на Скопје како НАТО-сојузник  да учествува во словенечкиот контингент во Летонија во рамки на мисијата на НАТО.

-Денеска беше тажен ден за Авганистан, сите тие жртви беа непотребни и се резултат на терор.  Лекцијата во Авганистан е поучна и верувам дека од тоа ќе извлечеме навистина добра лекција. Словенија и Северна Македонија се цврсти партнери и затоа се радувам што нашата соработка ќе ја зацврстиме. С Македонија ќе ја прифати нашата покана да биде дел од словенскиот контингент во Летонија. Сигурен сум дека македонската страна ќе биде задоволна од соработката затоа што таа мисија овозможува широка интероперабилност, истакна Тонин.

На средбата двајцата разговарале и за соработката на подрачјето на заштитата и помошта за С. Македонија во однос на справување со пожарите.

-Гарантираме дека секогаш кога ќе ви требаме ние сме тука да ви помогнеме. Горд сум на нашиот систем за заштита и спасување кој во последните години посебно се унапредуваше. Подготвени сме да донираме техника што ќе и овозможи на Северна Македонија да се справи со различни пожари, исто така сме подготвени да прифатиме различни противпожарни единици да ги осопособиме обучиме и со тоа дополнително да го зацврстиме нашето пријателство и партнерство, а ќе придонесеме и кон тоа вашите пожарникари да бидат поподготвени да се справуваат со предизвиците, затоа што светот е полн со предизвици и несреќи, нагласи словенечкиот министер за одбрана.

Тој се заблагодари за македонската донацијата за Словенија што ќе биде поставена како експонат во воениот музејски парк.

Министерот Тонин кој од вчера престојува во официјална посета на Северна Македонија, од Охрид, заедно со министерката Шекеринска ќе заминат за Берово, каде што ќе имаат средба со градоначалникот Звонко Пекевски. Од името на граѓаните на беровскиот регион Пекевски  ќе му врачи на словенечкиот министер Плакета за Здружените сили на цивилна заштита на Словенија, во знак на благодарност за брзата реакција во справувањето со шумските пожари кои летово ја зафатија нашата земја. 

ЕУ Словенија Тонин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.