Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Топката“ е кај Регулаторна, од нивната одлука зависи цената на струјата

0
By Ана Василевска on December 19, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пресрет на зимата граѓаните стравуваат од нов ценовен шок на електричната енергија. Надлежните велат дека цените на струјата пораснат од први јануари, но дека се прават напори поскапувањето да биде што побезболно за граѓаните.

Регулаторната комисија прави анализи и укажува дека во време на енергетска криза решенијата треба да се моделираат во насока да се избегнат дополнителни оптоварувања врз граѓаните и да се заштитат ранливите категории.

За конечната цена за струјата треба да пресече токму РКЕ, а одлуката ќе ја соопшти до петок, најдоцна на почетокот на идната недела, велат оттаму за ЦИВИЛ медиа.

Одлуката најмногу ќе зависи токму од понудената цена на државните електрани, но и од цената на преносниот оператор МЕПСО како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција, во чија пресметка ќе влезе и повисоко ДДВ од 10, наместо 5 отсто.

ЕСМ понуди поскапа струја и поевтина мрежарина

Државниот производител на струја АД ЕСМ на повикот на ЕВН Хоум за набавка на струја за првата половина од наредната година понуди цена од 56 евра за мегаватчас, наместо досегашните 48 евра, што е поскапување од 16,6 проценти.

Во исто време, ЕСМ поднесе понуда од 110 евра за мегаватчас за струјата за покривање на техничките загуби во системот на Електродистрибуција, наместо досегашните 143 евра за мегаватчас, што е поевтинување за 23 проценти.

Овие загуби граѓаните ги плаќаат преку таканаречената мрежарина. Имаше големи критики во изминатите месеци дека граѓаните повеќе плаќаат мрежарина отколку струја.

Во изминатите месец и половина ЕСМ потроши 40 милиони евра за набавка на струја затоа што не може да ги покрие потребите на граѓаните, малите фирми, училиштата болниците, водоводните и прехранбените претпријатија. Струјата ја купува по пазарна цена од 200 до над 400 евра за мегаватчас.

Владата смирува дека ценовен шок ќе нема

Понудата на ЕСМ е засега единствената понуда на тендерот, а се обврзуваат да покријат 100% од потребите за првите 6 месеци од 2023-та година.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека ценовен шок ќе нема, а за оние кои најмалку трошат, односно потрошувачите во првите два тарифни блока ќе нема зголемување на цената.

Владата со прераспределба на пари во буџетот одвои дури 40 милиони евра за да им ги покрие долговите за струја на државните институции.

-Министерот за финансии и јас на прес-конференција за буџетот многу транспарентно информиравме дека веќе имаме ставено ставка во буџетот од 250 милиони евра за спрасување со економско-енергетската криза. На крај кога ќе бидат финалните калкулации за капацитетот, за економијата на обем во производството на електрична енергија, движењето на цената на суровите која се прави на месечно ниво, тогаш ќе можеме да кажеме колкава ќе биде финалната субвенција на државата којашто ќе ја даде ЕСМ со цел да овозможи пониска цена на електричната енергија за граѓаните, вели Ковачевски.

МЕПСО ја чека Регулаторна

И МЕПСО би можела да побара повисока цена за дистрибуција на електричната енергија. Компанијата се уште не добила формално барање од Регулаторната комисија дека треба да достави нова понуда, па пресметките се уште не се направени.

-После најавата, тоа ќе зависи од пресметките. Ако пресметките покажуваат дека ќе треба да се зголеми преносната тарифа на МЕПСО, секако дека ќе побараме, вели првиот човек на компанијата, Орхан Муртези.

Колку струја троши Северна Македонија

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од јануари до јуни годинава просечната цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5.761 денари по киловат час, што е пораст од 11,2 отсто во споредба со истиот период лани. Просечната електрична енергија без ДДВ за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 10.316 до 14.782 денари по киловат час по групи на потрошувачи.

Генералниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, најави дека цената на струјата ќе биде зголемена од Нова година, но дека се прават напори за да се ублажи скокот на цената.

-Цените на електричната енергија ги формираат цените на енергенсите. Со оглед на тоа што имаме зголемени трошоци на производство и зголемени цени на енергенси, имаме дополнителни количини на електрична енергија што треба да ги произведеме, дел можеби треба да се набават, моја претпоставка е дека очекувано е да има зголемување на цената на електрична енергија, изјави Ковачевски.

Владата донесе и одлука со која од 1 декември производителите на основните прехранбени производи ќе треба да добиваат цена на струјата од 80 евра за мегават час. Оваа цена е речиси двојно пониска од актуелните цени на струјата која ја плаќаат производителите и кои влијаеја на драстично зголемување на цените на редица производи во маркетите. Со најновата одлука се очекува намалување на цените на основните производи за купувачите.

Соња Танеска

Извор Цивил медиа

ЕСМ Регулаторна комисија за енергетика струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.