Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Топлик: Судот го одби барањето за изземање на судечкиот совет

0
By Нова ТВ on March 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешното рочиште за предметот „Топлик“,  во Кривичниот суд беше одбиено барањето на одбраната на обвинетите за иземање на судечкиот совет.

Адвокатот Еленко Миланов  го извести судот дека ќе поднесе барање за иземање на судечкиот совет. Тоа го образложи со изјава на специјалната јавна обвинтиелка Катица Јанева на ТВ24 дека има аудио снимки за судии од овој суд и ќе побара да се произнесе дали некој од судиите во судечкиот совет по овој предмет се вклучени во тие аудио снимки. Според него доколку се наоѓаат на документацијата за прислушување тие не би можеле и не би смееле да учествуваат и одлучуваат во овој предмет.

На рочиштето беше присутен и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески кој со уште пет други лица се обвинети во „Топлик“ за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште.

Јанакиески повторно побара пред да почне главната расправа судот да го одложи денешното рочиште и судот да им врачи комплетно це-де од претходното рочиште за да може да имаат увид за да го споредат пишаниот записник со аудио записот и да ја утврдат точноста на стенограмот во чија вистинитост се сомневаат.

Судот го отфрли предлогот како безпредметен, бидејќи им е веќе даден записник во пишана форма.  Судот зема оврска да им достави це-де и посочи дека секако одбраната ќе има право на приговори по неговата содржина.

Како неосновано беше одбиено и барањето за издвојување на аудио доказ од списата на докази по предметот, како доказ прибавен на незаконски начин.

Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс Сончев град во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

Минатото рочиште за  „Топлик“ беше одложено поради болест на обвинетиот Димитар Димовски, за што неговиот адвокат достави лекарска потврда.

"Топлик" изземање Јанакиески Кривичен суд Сончев град
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.