Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Тортура“ продолжува на 3 септември со сведочењето на Бошкоски

0
By Нова ТВ on July 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 9, 2018 15:26

Со сведочење на Љубе Бошкоски на 3 септември ќе продолжи рочиштето за предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинети поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата, за апсењето на Бошкоски.

Во воведните зборови, обвинителот Љубомир Лапе денеска рече дека СЈО ќе докаже дека по основ на политичка определба прво обвинетиот Мијалков ги навел останатите обвинетите при апсењето на Бошкоски тој душевно да страда, а сето тоа поради политичка одмазда за упатени пораки за време на изборна кампања. Според Лапе, полицајците спротивно на уредбата за средства за присилба, употребиле прекумерна сила. Полицајците, рече тој, ја послушале наредбата и ги пренеле заканите од Мијалков, а еден од обвинетите му ставил пиштол на глава и му рекол „бел ден нема да видиш“.

Како докази, обвинителот Лапе рече дека ќе бидат приложени снимки од неколку телевизии и видео снимки од МВР од денот на апсењето, како и писмените докази поткрепени од т.н. бомби.

– Последицата од апсењето односно душевното страдање ќе се докаже со медицинска документација, рече Лапе.

Бранителот на Мијалков и на дел од обвинетите, Петар Василев се повика на помилувањето на претседателот Иванов и предложи ослободување од кривична одговорност за обвинетите. Рече дека судот ако продолжи да го води овој предмет ќе го прекрши Законот и ќе го оштети Буџетот на РМ. Според адвокатот Љупчо Шврговски во самиот акт со кој се обвинети Мијалков и другите шестмина, применет е термин кој го нема во ЗКП, а тоа е наведување. Одбраната, рече тој, ќе докаже дека нема доказ за наведување ниту од вербалните, ниту од аудио материјалите. Шврговски, истакна дека ќе докаже дека Бошкоски давал отпор во апсењето и од тие причини обвинетите постапиле како што треба.

Сите обинети пред судот се изјаснија дека не се виновни.

Бошкоски во изјава за медиумите прашан колкава материјална штета ќе побара, рече дека тој не е тука за  материјална штета, туку за штетата која му била нанесена наму, на неговото семејство и на неговата политичка партија од, како што го нарече, полициско-политичкиот монтиран процес.

-Не сме тука за материјалната штета, тука сме за штетата која ми е нанесена мене, на моето семејство на мојата политичка партија во овој политички монтиран процес за кој се изјасни цел демократски свет,  рече Бошкоски.

-Ќе бидеме сведоци на она што ќе биде прикажано во судницата. Вие сами бевте сведоци на брутално малтретирање и на тоа што повторно ме доведоа од полициска станица на местото на апсење, како во некој режиран филм, затоа што некоја камера од некоја телевизија тоа не го снимила во првото апсење. Тоа е бруталност пар екселанс за што сигурно ќе одговараат и мора да одговараат, рече тој.

о една од „бомбите“ што ги објави опозицијата, токму за овој настан разговараат екс директорот на УБК Мијалков и тогашниот главен уредник на ТВ Сител Драган Павловиќ Латас, против кого се води друг процес од СЈО.

На аудио снимката соговорниците зборуваат за начинот на кој се постапувало со Бошкоски за време на апсењето.

Бошкоски Тортура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.