Германската асоцијација за животна средина и природа BUND изврши испитување на 62.559 козметички производи на големите брендови кои се продаваат во Германија.
Според истражувањето околу една третина од козметичките производи содржат соединенија со хормонално дејство кои се опасни по здравјето.
Се работи за 15 различни хемикалии, кои Европската комисија ги постави во листата на хормонски материи со највисок приоритет. За опасноста на сите овие соединенија има докази од спроведените експерименти со животни.
Според истражувањето на BUND, 46 % од производите на Nivea, Wella, Head and Shoulders и 45 % од производите на L’Oreal содржат опасни хормонски супстанци.
Кои се хормонските хемикалии во козметичките производи?
– Конзерванси: methylparaben, ethylparaban, propylparaben, buthylparaben
– UV филтри – Ethylxehyl Methoxicinnamate, 4-Mthylbenzyliden Camphor 3 Benzylidene Camphor
– UV абсорбенти: Benzophenone -1, Benzophenone -2
– Пигменти во боите за коса: Resorcinol
– Регенератори и фиксатори за кожа и коса: Cyclotetrasiloxane
– Антиоксиданти: Butylhydroxyanisol (BHA)
– Антибактериски супстанции: борна киселина
– Денатурирани супстанци: Dietylphtalate
– Средства за миење на тело: Hydroxybiphenyl
– Заштитни средства: Dihydroxybiphenyl
Како да дознаете дали еден производ содржи хормонски супстанци?
На два лесни начини:
1. На интернет страницата на BUND (види линк: ) има посебно поле.
Внесете ги цифрите на бројот кој е под баркодот на секој козметички производ и ToxFox ќе ви каже дали има или нема хормонски супстанци.
2. Освен тоа, НОВА ви ја претставува мобилната апликација ToxFox-App преку која со едноставно снимање на баркодот на производот апликацијата koја можете да ја снимите на мобилиот телефон, а која ќе ви покаже црвен впечатлив знак – да, хормонски хемикалии кои се содржани или пак зелен лист – не, нема хемикалии.
Хормонските хемикалии се супстанции кои дејствуваат во телото како природните хормони. Тие предизвикуваат здравствени проблеми, кои во последниве години се зголемуваат во целиот свет како што се намалување на квалитетот на спермата, ракот на дојката, простата, тестисите, како и предвремен пубертет кај девојчињата.
Претежно се засегнати жените, малите деца и младите во пубертетот. Овие супстанции се акумулираат во текот на развојот и во текот на целиот живот.
Хормонските супстанци се само дел од хемискиот коктел кој се содржи во конвенционалната козметика. Покрај нив има уште голем број соединенија кои се опасни по здравјето: парафини, полиетиленгликол, содиум лауреат сулфат и многу други.