Директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, кој присуствуваше на Ноќта на оскарите во театарот „Долби“, како сведок на едно испишување на историјата-двете номинации за Оскар на документарецот „Медена земја“, и се заблагодари на целата екипа на филмот која ги размести коцките на светската филмска сцена.
„Оскарите поминаа. Не добивме Оскар иако имавме одличен филм ремек-дело. Но, сакам да искажам голема благодарност до Атиџе, Тамара, Љубо, Семир, Феко и Фаца, што не направивте да се чувствуваме големи, рамноправни, победници. Да ни се поклонуваат величини и да признаат дека нашата земја сега е повеќе позната од било кога. Како земја на таленти, културни цивилизирани луѓе што знаат да раскажат приказна која станува инспирација во животот. Се надевам дека и нашите граѓани беа горди кога на два пати се најавуваше наш македонски филм, прв пат во историјата на светскиот документарен филм во две номинации. Вие ја испишавте историјата. Дали до пред некоја година некој се надеваше на ваков успех – две номинации за Оскар“, напиша Тозија, кој е повеќе од 35 години во филмскиот свет, на својот фејсбук профил.




