Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Традиција: Свети Трифун и Свети Валентин – вино или  љубов или и двете

0
By Zoran Ivanov on February 14, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 14, 2025 08:08

На 14 февруари, според новиот календар, или први февруари, според стариот, кој се уште е во официјална употреба во Македонската православна црква, верниците го празнуваат светиот маченик Трифун.

Истиот ден, верниците од католичка вероисповед, како незадолжителен празник, го слават Денот на Свети Валентин, но и многу други луѓе во разни земји низ светот.

Свети Трифун се смета за заштитник на полските посеви и затоа винарите го слават како свој патрон и на неговиот ден одат на лозјата, ги закројуваат лозите и ги залеваат со вино, за да му ја вратат малаксаната снага на лозјето, по долгото зимско мртвило и за бујно да напредува во пролетта што наидува.

Го слават и крчмарите, а тој е заштитник и на некои градови како на пример на градот Котор на црногорското приморје.

Според принципите на потрошувачкото општество, својата шанса за зголемување на продажбата на своите производи ја исползуваа винариите и други производители на алкохол, притоа користејќи го празникот Свети Трифун.

Така започнаа да се организираат разни манифестации од фестивалски карактер поврзани со виното и поезијата, виното и уметноста воопшто, виното и музиката и слично. Во кавадаречкиот крај, познат вински крај во Македонија, на Свети Трифун беше реафирмирана карневалската манифестација, што имала долга традиција во минатото.

Свети Валентин, Валентиново или Денот на вљубените, како што уште се нарекува, најверојатно датира уште од времето на старите Римјани и се поврзува со прославувањето на денот на нивниот бог Луперциј.

Еден од обичаите на тогашните млади било испишување на имиња. Имено, во пресрет на денот на Луперциј, имињата на римските девојки биле запишувани на ливчиња хартија и биле оставани во стаклен сад, секое момче требало да извлече по едно ливче.

Девојката што ќе ја извлекло момчето станувала негова „драга“ за таа година. Подоцна тој ден бил наречен Валентиново, по римскиот свештеник Валентин.

Се до 1969 година денот на Свети Валентин се славел на 14 февруари, како спомен. Потоа, Денот е избришан од католичкиот календар, т.е. станал незадолжителен споменден, заради намерата за намалување на бројот на спомени на светци за кои нема доволно точни податоци.

Обичај е на Денот на Свети Валентин вљубените да разменуваат честитки и подароци. Некои на тој ден на саканата личност и подаруваат цвеќе, чоколадо или излегуваат на заедничка вечера, а некои заминуват на романтично патување. Други, пак, во подарените рози, парфеми и чоколади со форма на срце, гледаат непотребен израз на сентименталност.

Последниве години вообичаено ваквите манифестации претставуваат спој на двата празника Свети Трифун и Свети Валентин.

Евидентно е дека се повеќе македонски граѓани, покрај Свети Трифун, особено помладата популација го празнуваат и Свети Валентин како Ден на вљубените.

 

свети трипфун свети валентин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.