Published: Tuesday, December 23, 2025 10:02
Лос Анѓелес: Винс Зампела, визионерски развивач на видео игри и еден од клучните луѓе зад глобално популарната франшиза „Call of Duty“, загина во тешка сообраќајна несреќа во недела попладне.
Несреќата се случи на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија кога Зампела ја изгуби контролата врз своето Ферари, пишува NBC Los Angeles.
Според извештајот на Калифорниската сообраќајна полиција (CHP), несреќата се случила околу 12:45 часот. Зампела возел Ферари 296 GTS, и веднаш по излегувањето од тунелот на кривулестиот планински пат, возилото скршнало од патот и удрило во бетонска ограда.
Поради силата на ударот, совозачот бил исфрлен од автомобилот, додека Зампела бил заробен во возилото, кое потоа се запалило.




